Свет
Огромна дупка проголта куќи во Гватемала
Огромна дупка, во самиот центар на градот Гватемала сити, предизвикана од големото невреме што ја зафати централна Америка, буквално проголта семејна куќа и трикатница.
Огромна дупка, во самиот центар на градот Гватемала сити, предизвикана од големото невреме што ја зафати централна Америка, буквално проголта семејна куќа и трикатница. Двата објекта во Гватемала пропаднаа во земја, а според локалните гласила, во несреќата загинало едно лице, најверојатно чуварот на трикатната зграда. Дупката, која влева страв, настанала откако попуштил системот за атмосферска канализација. Инаку во бурата Агата, која го опустоши подрачјето на централна Америка, досега загинаа 146 луѓе, а над 50 се сметаат за исчезнати. Најтешко е погодена Гватемала, но и Хондурас и Салвадор. Во трите држави се евакуирани над 150 илјади луѓе./крај/ јл/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека 10 руски ракетни системи Орешник би можеле да бидат распоредени во републиката и призна дека овој број може да се зголеми во иднина.
Мислам дека засега има десет, а ќе видиме во иднина. Ако Русите сакаат да распоредат повеќе, ние ќе распоредиме повеќе, пренесува ТАСС.
Лукашенко, по состанокот на Врховниот државен совет на сојузната држава во Минск на 6 декември, рече дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го распореди „Орешник“ на територијата на Белорусија.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.
Свет
Лавров: Центрите за одлучување во Киев може да бидат цел на руски удари
Центрите за одлучување во Киев може да бидат директно цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.
„Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и цивилите“, изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.
Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и западни проектили.