Македонија
Три грантови од Јапонија за македонски општини
Три грант-договори во висина од 183.498 евра доделува Јапонија на неколку македонски општини во рамки на Јапонската грант помош за цивилна безбедност.
Три грант-договори во висина од 183.498 евра доделува Јапонија на неколку македонски општини во рамки на Јапонската грант помош за цивилна безбедност.
В понеделник во Јапонската Канцеларија за врски во Скопје ќе бидат потпишани договорите меѓу Јапонската Амбасада во Виена и локалните институции, приматели на помошта, чија цел е унапредување на социјално-економскиот развој во Македонија, како и добрите односи помеѓу двете земји.
Првиот проект, во вредност од 65.128 евра се однесува на реновирање на прозорци и врати за основното училиште „Владо Кантарџиев“ во општина Гевгелија. Прозорците и вратите на училиштето и фискултурната сала се поставени во 1983 година, кога училиштето било изградено. Целта на овој проект е децата да бидат школувани во поволни услови.
Вториот проект, вреден 64.061 евра, ќе биде наменет за поставување на противпожарни хидранти во Пелагонискиот регион. Регионот има пет противпожарни единици. За да се справат со пожарите, пожарникарите ги користат противпожарните хидранти, кои се раштркани низ регионот. Меѓутоа, Пелагонија е простран регион во кој недостигаат доволен број на противпожарни хидранти, поради што проширувањето на хидрантската мрежа стана приоритетно прашање. Целта на овој проект е да се подобри капацитетот за справување со пожари и да се гарантира противпожарната безбедност во Пелагонискиот регион, поради што ќе бидат поставени 140 противпожарни хидранти. Помошта е наменета за општините Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и Долнени.
Третиот проект, вреден 54.309 евра е наменет за унапредување на условите во Институтот за рехабилитација на деца и младинци со посебни потреби во Скопје. Овој институт е единствената јавна институција за луѓе со ваков тип на потреби во Македонија, која нуди образование и професионална обука. Институтот се состои од училиште и интернат каде што учениците ги поминуваат деновите заедно. Интернатот е стар, особено тоалетите, тушевите и мијалниците кои што се сериозно оштетени и во нехигиенска состојба. Целта на проектот е овозможување на соодветни услови за живот на оваа категорија ученици преку набавка на нови тоалети, тушеви и мијалници за потребите на овој институт.
Грант-договорите ќе бидат потпишани во 13:00 часот во Јапонската Канцеларија за врски во Скопје. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јакимовски не признава пораз, обвинува за нерегуларности: „Во Карпош не победивте, го украдовте“
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Карпош.
„Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски, додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку „кукавичка“. Според него, изборниот процес бил проследен со купување на гласови, злоупотреби, притисоци и медиумска блокада.
Во соопштението, тој истакнува дека во сите изборни циклуси досега секогаш ги прифаќал резултатите и честитал на победниците, но дека овојпат „не може да признае нешто што не било чесно добиено“.
Јакимовски тврди дека бил сведок на, како што наведува, „организирано купување на ромски и албански гласови, уцени, двојни гласачки ливчиња и употреба на јавни ресурси во корист на противкандидатот“.
Тој го спореди исходот од изборите со претседателските избори во 1999 година, обвинувајќи дека „исто како тогаш, повторно победила неправдата“.
Соопштението завршува со ставот дека, според него, „граѓаните на Карпош се вистинските губитници во оваа нечесна изборна битка“.
Македонија
„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.
„Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја
Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје.
Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.
Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите“, објави тој.
Ќе бидам градоначалник на сите, најави Ѓорѓиевски, без разлика на верска, национална, партиска или каква било припадност.
„За мене, поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување подобра иднина и достоинствен живот за сите.
И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!
Скопје, почитувани, го менуваме од корен!
Уште од вечерва, во 20.30 часот, почнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре почнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив за градот, конечно, да функционира како што скопјани заслужуваат. Скопје ќе добие и нови проекти, а некои од нив ги почнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје, конечно, ќе биде отворен град“.
Македонија
(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа
Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8, што се случи на железничката станица во Ѓуешево.
Николоски потенцираше дека ова е многу значаен коридор за Македонија бидејќи ја поврзува земјата со две мориње и има огромо влијание врз зголемување на конкурентност на домашната економија.
Во исто време овој коридор има и огромно безбедносно значење за НАТО Алијансата, рече вицепремиерот Николоски.
„Овој Дoговор е сон на генерации од двете страни на границата, нешто за што сме читалe, нешто за што сме учеле, а тоа дека двете држави, двата главни градови треба да се поврзат со железничка врска. Ние сме силно посветени на неговата изградба и модернизација. Ќе работиме многу сериозно, ќе работиме многу посветено и се надевам дека и за брзо време ќе ги видиме реузлтатите. Јас не сакам да давам ветувања, но она што можам да го ветам е напорна работа и посветеност. Ова е коридор и од безбедносно значење, во услови кога во 21 век се случува нешто што не можевме да го замислиме, имаме војна недалеку воздушно од тука, агресијата врз Украина. И затоа овој коридор е многу значаен кој што е помош на Алијансата со цел да може да помогне на Украина да ја одбрани својата сувереност и територијална целовитост” – изјави Николоски.
Во однос на финансиската конструкција на целиот источен коридро 8, вицепремиерот Николоски истакна дека средствата се обезбедени.
„Средствата се обезбедени. Првата фаза е завршена и ставена во функција оваа година. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година. Морам да кажам дека не сум задоволен од изведувачите, но со нашите партнери од ЕБРД ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. Третата фаза од Крива Паланка до границата се надевам дека со напорна работа со ЕИБ, ЕБРД и со ЕУ, во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и избор на надор. Во однос на финансиите, најмалку буџетот за железницата од Куманово до границата е околу 810 милиони евра, за што 200 милиони се грант од ЕУ. Од Куманово до Бељаковце чинеше 79 милиони евра, од Бељковце до Крива Паланка треба да чини 155 милиони евра ако останеме во овој буџет. Од Крива Паланка до граница е околу 455 милиони евра и дополнително имаме 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата, со цел кога ќе се заврши цел коридор да имаме најмодерна сигнализација“, истакна Николоски.
Тој најави дека во скоро време ќе го покани и вицепремиерот Караџов во Македонија на завршување на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, како и на отпочнување на градежните работи на пругата од Крива Паланка до границата.

