Македонија
Магла на Пресека, Стража и Ѓавато
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/7bba1ae6-faf2-4b15-b1d2-9650e0b6dcf5.jpeg)
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата изутрина се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50м има на Пресека, а до 100м на Стража и Ѓавато.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Се потсетуваат сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013./амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) „Возел пијан, без возачка, направил сообраќајка – оставка од пратеникот Сергеј Попов“, бараат од СДММ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trajce-sdmm.jpg)
„Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!“, вели Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
„Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.
Сто тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.
После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.
Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.
Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.
Младите заслужуваат одговорни и чесни претставници без скандали и кривични пријави зад себе“, изјави Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Македонија
Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/7-3.jpg)
Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.
„По дојавите за поставување на експлозивни направи во основните и средни уличипта низ државата, утрвово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека како што е веќе соопштено сите дојави се лажни.
„Направени се проверки во училишните објекти а учениците се вратени на настава. Благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Учичиштата во случај на понатамоѓни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од министерството“, посочува Јаневска.
Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.
Македонија
Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-110119.jpg)
Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој почина на 54-годишна возраст.
„Почивај во мир, Игор… Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.
„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние што првин го искористија, па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние што го затворија сто години за носење пиштол, кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.
„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг, татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа во зандани, а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата“, напиша Драган Пешевски.
„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.