Вести
Трамп обезбеди доволно делегати за номинацијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/tramp20devojce.jpg)
Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД во ноември годинава, милијардерот Доналд Трамп, во четвртокот обезбеди мнозинство делегати за партиската номинација за изборите, објави агенцијата Associated Press, наведувајќи сопствени податоци.
Републиканската партија не собира официјални информации за бројот на делегатите коишто кандидати ги обезбедиле на предизборите, а повеќето американски медиуми се потпираат на сопствените процени и извештаи, поради што во различни сојузни држави процените незначително се разликуваат. Имено во некои сојузни држави, делегатите можат да гласаат за кандидат по сопствен избор, што не мора да биде поврзано со резултатите од предизборите.
Меѓутоа, њујоршкиот магнат Доналд Трамп, според AP, веќе обезбедил 1.238 делегати, а потребното мнозинство за републиканската конвенција изнесува 1.237. Агенцијата до оваа бројка дошла на основа на одговорите на ткн „слободни“ делегати, особено во сојузната држава Оклахома.
Според овие процени речиси сигурно е дека Трамп успеа да го победи оние кои имаа намера да го попречат во освојувањето на апсолутното мнозинство делегати. Во тој случај националната конвенција на Републиканската партија би дошла во состојба на ткн „отворена конвенција“ која поради ненаклонетоста кон него на партискиот врв може да ја загуби, иако ќе биде релативен победник на предизборниот циклус.
Според последната процена на телевизијата CNN, Трамп, кој ги порази другите 16 противкандидати кои ја започнаа битката за номинацијата на Републиканската партија, обезбедил поддршка од 1.229 делегати.
Сепак агенцијата AP се смета за најавторитетната во САД во ваквите пресметки, иако постојат и други системи, коишто даваат различни резултати. Како што покажаа и неодамнешните анкети, сложените американски изборни системи се тешко разбирливи и за тамошните гласачи.
Секоја држава доделува делегати според сопствени правила. Покрај различните форми на изборите – гласање на предизборите и конвенциите, постојат и различни правила во врска со начинот на кој треба да гласаат делегатите. Во некои држави гласот на делегатите може да не се совпаѓа со резултатите од внатрепартиските избори, па затоа голема важност се придава на пребројувањето на делегатите.Трамп се очекува подоцна во четвртокот да говори за енергетиката во Бизмарк во државата Северна Дакота.
Републиканците постапката за номинација на својот кандидат треба да ја завршат на партиската конвенција којашто ќе се одржи во Кливленд, државата Охајо од 18-ти до 21-ви јули./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.