Македонија
Јанкулоска: Некои посакуваат нарушување на меѓуетничките односи во Македонија
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги осуди инцидентите што се случија во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и повика сите да придонесат за смирување на евентуалните тензии и одредени
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги осуди инцидентите што се случија во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и повика сите да придонесат за смирување на евентуалните тензии и одредени провокации кои, како што рече, не треба да бидат причина за ескалација на ситуацијата и за натамошни тензии во општеството.
По три инцидента кои се случија во автобусите на ЈСП што сообраќаат на различни линии во главниот град во средата навечер и четвртокот наутро, повредени се десетина лица.
Според процената на министерката, има одредена тензија којашто треба да се смири. Јанкулоска не ја исклучува ниту можноста дека во Македонија има луѓе кои посакуваат нарушување на меѓуетничките односи.
„Не ја исклучувам можноста дека во Македонија има луѓе кои посакуваат нарушување на меѓуетничките односи, меѓутоа убедена сум дека се многу помногубројни од оние кои не го посакуваат тоа и кои ќе дадат сопствен придонес за смирување на тензиите, откривање на предизвикувачите на инцидентите и демистифицирање или демаскирање на сите они кои посакуваат етнички тензии и ќе ги осудат нивните тенденции“, изјави Јанкулоска.
Според неа, присуството на еден полицаец во автобус не е гаранција дека инцидентите нема да се случат.
„Во однос на мерките, го зголемивме присуството на терен, преземаме превентивни активности. Кога станува збор за насилно однесување, неопходно е за смирување на состојбите да се вклучат сите општествени чинители. Пред сé, мислам на оние коишто го креираат јавното мислење. Кога станува збор за учениците, неопходно е да се вклучат училишните педагози, психолози, наставниците во училиштата, но секако клучна улога имаат родителите на овие деца“, вели Јанкулоска.
Според нивните податоци нема координираност меѓу инцидентите кои се случија, а мотивите биле различни. Нападите се случувале поради девојка, меѓусебна нетрпеливост.
И пред последните три инцидента, полицискиот билтен беше секојдневно исполнет со извештаи за инциденти во автобусите, но и избодени момчиња. Последниот инцидент се случи на Бит пазар каде беше избодено момче во грб.
Министерката не се согласува со констатацијата дека МВР само ги осудува инцидентите, наместо да ги расчистува.
„Не би се согласила, но точно е дека во изминатиот период имаше серија инциденти, тепачки и напади. МВР ги презеде сите неопходни мерки за откривање на сторителите, дел се расчистени, на дел сé уште се работи, но сторителите ќе се соочат со санкции, бидејќи насилството не може да се толерира“, изјави Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

