Македонија
Здравствената книшка и сините картони заминуваат во историјата
Електронската здравствена картичка ќе значи најпрво укинување на сини картони, а потоа и на хартиената здравствена легитимација, а граѓаните ќе можат да ја набават за 250, односно 100 денари.
Електронската здравствена картичка ќе се користи како медиум на записи и преноси на информации за осигурениците во системот на здравствена заштита, а ќе биде носител на личните, административни и здравствени податоци содржани во е-здравствениот картон на секој пациент.
Секоја картичка го идентификува лицето во здравствениот и останатите системи во Република Македонија.
Висината на трошоците за издавање на електронската картичка за здравствено осигурување изнесува 250 денари, додека за невработени лица, пензионери чија пензија не надминува 15.000 денари, самохраните родители, деца без родители и родителска грижа до 18 година, како и за лицата осигурани преку нив изнесува 100 денари.
Ослободени од трошоците за новата здравствена картичка се корисниците на социјална парична помош и членовите на нивните семејства, како и лицата корисници на постојана парична помош.
Со Правилникот е утврдена и висина на трошоците за замена на загубена или оштетена електронска картичка за здравствено осигурување за сите осигуреници и осигурени лица и изнесува 250 денари, а за повторно активирање на блокирана електронска картичка за здравствено осигурување изнесува 100 денари.
Електронската здравствена картичка ќе се користи при секоја посета на лекар, при користење на болнички, лабораториски и останати медицински услуги, земање на лекови во аптеките, земање на медицински помагала, користење на услуги на брзата помош и при сите останати процеси поддржани со апликативна поддршка на информатизираниот здравствен систем на Република Македонија.
Картичката за некои групи на лица има повеќекратна функционалност (како што е дигитално потпишување), додека за мнозинството на осигуреници картичката ќе претставува преносен, електронски запис на сегашната здравствена книшка и медицинскиот картон.
Системот за управување со авторизацијата, поточно системот за доделување на право, односно функционалност на секоја поединечна картичка во системот, како и на групи на картички, физички ќе биде сместен во ФЗОМ.
Со поврзаноста на подрачните служби и на централниот систем овозможена е видливост и достапност на сите податоци и нивно ажурирање.
Секој корисник на картичката ќе има можност преку апликација достапна на интернет страниците на ФЗОМ, самостојно да ја користи картичката за промена на PIN-от, за читање на личните медицински податоци запишани во електронската здравствена картичка и останатите функционалности, доколку се поддржани, а во согласност со предефинираните права на централно управуваната авторизација./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 70 метри има на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Саса 2, и дел од улицата Саса 4, во општина Кисела Вода;
– Од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Побожје во општина Чучер Сандево;
– Од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците Народен Фронт и Васил Говров во општина Центар;
– Од 10:00 до 13:00 часот корисниците ОУ Петар Поп Арсов во општина Карпош.
Скопје
Дел од Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Речиште бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево од 9.30 часот до завршувањето (општина Кисела Вода).