Свет
Почина духовниот лидер на Хезболах во Либан

Врховниот ајатолах Мохамед Хосеин Фадлала, многу влијателен шиитски духовен лидер, почина денеска во Бејрут на 75. годишна возраст, јави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на еден од неговите главни советници.
Врховниот ајатолах Мохамед Хосеин Фадлала, многу влијателен шиитски духовен лидер, почина денеска во Бејрут на 75. годишна возраст, јави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на еден од неговите главни советници.
Во петокот врховниот ајатолах бил примен во болница во Бејрут заради излив, каде што денеска починал, рече советникот, кој посака анонимност.
Мохамед Хосеин Фадлала се смета за духовен лидер на Хезболах во првите години на формирањето на проиранското движење во Либан во 1982. година, со поддршка на иранските Чувари на револуцијата.
Слично како и сегашниот лидер на Хезболах Хасан Насрала, и тој е вклучен на американската црна листа на терористи, изготвена во 1995. година.
Во 80-сетите години беше обвинет од американските медиуми дека стои зад грабнувањето на американски заложници во Либан од страна на радикални групи, поврзани со Иран.Други медиуми го претставуваа како посредник, така што неговата вистинска улога и не беше откриена.
Автор е на неколку трудови по теологија, а познат е и по отвореноста кон науката и со дрската интерпретација на текстовите од исламот. Духовниот лидер со бела брада и ведро лице беше познат и со толерантните религиозни гледишта, посебно кон жените. /крај/афп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.