Македонија
Ромите проетстираа пред бугарската амбасада
Ромите кои беа нападнати од лажни полицајци во Бугарија, со свирки протестираа пред Бугарската амбасада и се сретнаа со бугарскиот амбасадор
Ромите кои беа нападнати од лажни полицајци во Бугарија, со свирки протестираа пред Бугарската амбасада и се сретнаа со бугарскиот амбасадор.За суровото претепување на пазарџиите од Шутка, нивното запалено возило и украдените 15 илјади евра во Бугарија, Ромите од Шутка по шест дена од инцидентот бараат преку бугарската амбасада да се реагира до властите во Софија.„Почнаа внатре во комбето да не тепаат… Сакаа да не запалат со комбето, почнавме да викаме од страв, се плашевме, па почнаа пак да не тепаат“, рекоа оштетените.Полицијата во моментов се’ уште ја обезбедува Бугарската амбасада.Четворица жители на ромската населба на пат кон Турција каде сакале да купат облека за на пазарот во Шутка, на автопат биле пресретнати од лажни бугарски полицајци кои ги ограбиле, ги измачувале врзани со лисици, им го запалиле комбето и ги оставиле врзани во шума. Киднаперите ги полеале со бензин, сакале да ги запалат и им украле 15 илјади евра./крај/фо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

