Вести
Лавров и Кери повикуваат на што поскори преговори за Сирија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери предложиле во телефонскиот разговор воден доцна ноќта кон саботата што поскоро да започне новиот круг од сириските мировни преговори, соопшти руското министерство за надворешни работи.
Преговорите за постигнување мир во Сирија под покровителство на Обединетите нации требаше да започнат на 7-ми март во Женева, но се одложени за 9-ти март поради „логистички и технички причини и за подобро зацврстување на примирјето“, објавија ОН.
„Двете страни повикаа што поскоро да започнат преговорите …. меѓу сириската влада и целата низа опозициски групи, на коишто Сиријците мора самите да одлучат за иднината на својата земја“, се наведува во соопштението на руската дипломатија
Кери и Лавров притоа повториле дека меѓусебната соработка е многу неопходна за да се сопре војната во Сирија, се додава во соопштението.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, очекува отежнат почеток на мировните преговори следната седмица, имајќи предвид дека неговите учесници еден по друг ќе се вклучуваат во „индиректните средби“, изјави во разговорот за панарапскиот весник Al Hayat.
„Мислам дека процесот ќе го започнеме на 10-ти март. Некои од учесниците ќе пристигнат на 9-ти март. Други поради тешкотии со хотелската ќе дојдат на 11-ти. Некои ќе стинат на 14-ти март. Ќе одржиме подготвителни средби, а потоа ќе поработиме на поединостите со секоја група одвоени“, вели де Мистура.
Претставникот на светската организација за Сирија уште во јануари, но тој обид пропадна пред сериозно и да започне. Во петгодишниот конфликт во Сирија кој стана регионален и конфесионален, според процените на ОН загинале повеќе од 250.000 луѓе, а милиони се внатрешно раселени и во соседните и земјите во ЕУ./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.