Контакт

Вести

Бангладеш погуби исламистички челник поради геноцид и силувања во војната од 1971

Објавено пред

Во Бангладеш во вторникот е погубен челникот на водечката исламистичка партија Мотиур Рахман Низами, осуден на смрт поради геноцид и други злосторства извршени во текот на војната од 1971 година за независност од Пакистан, ден откако му беше одбиена последната жалба, објави министерот за правосудство.

dobivaj vesti na viber

Сега 73-годишниот Мотиур Рахман Низами, поранешен пратеник и министер, водач на партијата Џамаат-е-Ислами, бил обесен околу полноќ во вторникот по локално време во еден затвор во главниот град Дака, откако Врховниот суд ја отфрли неговата жалба на смртната казна којашто ја изрече Специјалниот суд за геноцид, силувања и организирани ликвидации на интелектуалците во текот на војната од пред повеќе од четири децении, изјави министерот за правосудство Анисул Хуч.

Ова погубување, како и во некои претходни случаи, предизвикува стравувања од нов бран крвави насилства во земјата со сунитско муслиманско мнозинство, каде радикалните исламисти вршат атентати врз блогери, интелектуалци, претставници на етнички и конфесионални малцинства, како и врз борците за правата на ЛГБТ лицата.

Од 2013 година погубени се тројца челници на Џамаат-е-Ислами, и една висока функционерка на главната опозициска партија, Националистичката партија на Банлгадеш. Тие егзекуции таа година поттикнаа судири со полицијата во кои загинаа околу 500 луѓе.

Војната од 1971 година заврши со создавање на државата Бангладеш, а станува збор за покраина која од 1947 година беше во состав на Пакистан, и се нарекуваше Источен Бенгал а подоцна и Источен Пакистан. Бангладеш станал дел од Пакистан кога е укината британската колонијална управа во 1947 година. Тогаш се нарекувал Источен Пакистан, меѓутоа со помош на Индија во деветмесечната војна против Западен Пакистан, се избори за независност.

Премиерката Шеика Хасина Вазед го воспостави судот во 2010 година, откако првиот обид за судење на осомничените за убиства беше прекинат во 1975 година кога беше убиен Шеик Маџибух Рахман, втемелувач на државата Бангладеш и татко на сегашната премиерка.

Специјалниот суд досега подигна обвинение против 18 лица, главно од партијата Џамаат-е-Ислами, по разни точки а смртни казни се изречени за 11 од нив. Партијата Џамаат-е-Ислими се противеше на независноста во текот на конфликтот, а споменатите процеси ги отфрла како политички мотивирани.

Во текот на интервенцијата на Индија кон крајот на судирите во 1971 година, којашто го најави брзиот пораз на пропакистанските сили, милициите кои беа наклонети кон Исламабад масакрираа десетици познати професори, режисери, уметници, лекари и новинари. Владата во 2010 година го формираше судот ICT и истакна дека тие процеси се неопходни за да се затворат сé уште отворените рани од војната за независност. Меѓутоа, исламистичката партија Џамаат-е-Ислам ја обвинува владата дека го основала овој од политички мотиви, бидејќи најмногу им се суди на претставници на опозицијата. Организацијата Human Rights Watch ги критикуваше процедурите со кои не се почитуваат меѓународните норми.

На почетокот од август 2013 година судовите ја забранија исламистичката партија Џамаат-е-Ислам, одлука која беше донесена пред одржување на изборите закажани за јануари 2014 година. Џамаат, инаку, ретко добива повеќе од 5 отсто гласови на изборите по 1970 година, но учествуваше во неколку коалициски влади.

Последните неколкуте години политичката и безбедносната ситуација во Бангладеш е влошена во врска судењата на лидерите на најголемата исламска партија во земјата Џамаат-е-Ислами кои се обвинети за воени злосторства за време на војната за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година. Според податоците на владата, во војната од 1971 година загинале 3 милиони луѓе, додека независните организации проценуваат дека станува збор за меѓу 300 и 500 илјади жртви. Околу 90 отсто од 153-те милиони жители на Бангладеш се муслимани. Будистите претставуваат помалку од еден отсто од населението и живеат повеќето во југоисточните окрузи, во близина на границата со мнозинскиот будистички Мианмар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized10 минути

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион31 минута

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија2 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет14 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија15 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија18 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет18 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија20 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија21 час

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized23 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија2 дена

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 дена

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...