Регион
Ципрас е оптимист дека Грција и ЕУ ќе изнајдат „можно" решение
За време на посетата на Брисел, новиот грчки премиер Алексис Ципрас изразик уверување дека изнаоѓањето на решение за должничкиот спор меѓу Атина и ЕУ е можно, пренесува AFP.
„Оптимист сум дека ќе се обидеме да дадеме се од себе за да најдеме заедничко сигурно и заемноприфатливо решение за нашата заедничка иднина“, изјавил Ципрас по средбата со претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Мартин Шулц.
„Сакаме да внесеме измени во програмата, но не и да ја прекршиме“, рекол Ципрас, додавајќи дека „верува оти ќе се најде сигурно решение за нашите народи“.
Од своја страна Шулц ги оценил преговорите како „плодни”, но признал дека „претстојат тешки времиња“.
Ципрас се состанаил и со претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред да се упати кон Париз, во рамките на неговата турнеја низ Европа, со цел повторно да преговара за огромната меѓународна спасувачка програма за Атина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.