Свет
Најмалку десет јеменски војници повредени во напад на Ал Каеда
Најмалку десет припадници на јеменските сили за безбедност се повредени кога двајца припадници на огранокот на Ал Каеда во оваа земја од заседа го нападнала нивниот автобус во престолнината Сана, јавува Асошиејтед прес
Најмалку десет припадници на јеменските сили за безбедност се повредени кога двајца припадници на огранокот на Ал Каеда во оваа земја од заседа го нападнала нивниот автобус во престолнината Сана, јавува Асошиејтед пресБорбите помеѓу исламистичките бунтовници и владините сили се префрлија во престолнината по успешната петдневна офанзива на армијата за заземање на упориштето на Ал Каеда во селото Хавта на југот на земјата, каде што владее речиси целосно беззаконие. Напаѓачите, кои се движеле пеш, успеал да го изведат нападот и покрај тоа што полицијата во Сана уште вчера соопшти дека има информации за напади врз бази на армијата во престолнината. Сана е една од ретките области на Јемен кои целосно ги контролира слабата влада на оваа земја. Надвор од градот, Ал Каеда и другите исламистички групи речиси слободно се движат, а особено во далечните, планински предели на провинцијата Шабва на југот. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Боливудската ѕвезда избодена со нож во домот во Мумбај
Познатиот боливудски актер Саиф Али Кан бил примен во болница откако бил нападнат во четвртокот рано наутро во неговиот дом во луксузен кварт на Мумбај, објавија локалните медиуми. Според градската полиција, натрапник упаднал во куќата по полноќ, што довело до судир при што актерот се здобил со повеќе повреди со нож.
Кан итно бил префрлен во болницата Лилавати, каде му била извршена операција. Нирај Утамани, главниот оперативен директор на болницата, рече дека актерот се здобил со шест убодни рани, од кои две се сериозни, вклучително и една во близина на ‘рбетот. За неговата состојба моментално се грижи специјализиран лекарски тим.
Полицијата покрена истрага. Заменик началникот на полицијата Диксит Гедам потврди дека натрапникот се соочил со Кан откако влегол во куќата. Засега не е познат идентитетот на напаѓачот.
Семејството на актерот не дава никакви изјави, додека неговиот тим за односи со јавноста ја повика јавноста да ја почитува неговата приватност. „Ги замолуваме медиумите и фановите за трпение. Ова е полициска истрага и во догледно време ќе ве информираме за ситуацијата“, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, на големо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“
И американскиот претседател во заминување Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја преземаат заслугата за решавање на кризата во Појасот Газа. Мировниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, игра клучна улога во тековните индиректни разговори меѓу Израел и Движењето на исламскиот отпор во Доха, Катар, откако тие разговори се одолговлекуваа со месеци.
Трамп не губеше време и веднаш почна да тврди дека тој е иницијатор на договорот. Бајден, пак, нагласи дека договорот е постигнат во „прецизните контури“ на планот што неговата влада го претстави кон крајот на мај.
„Овој епски договор за прекин на огнот можеше да се случи само како резултат на нашата историска победа во ноември, бидејќи му сигнализираше на целиот свет дека мојата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигура безбедноста на сите Американци и нашите сојузници“, напиша Трамп на социјални мрежи.
„Воодушевен сум што американските и израелските заложници ќе се вратат дома за да се обединат со нивните семејства и најблиски“, пренесе Асошиејтед прес.
Трамп додаде дека неговиот пратеник за Блискиот исток, Стивен Виткоф, ќе продолжи „тесно да соработува со Израел и американските сојузници за да се осигура дека Газа НИКОГАШ повторно не стане безбедно засолниште за терористите“.
Бајден, сепак, од Белата куќа рече дека „неговата дипломатија никогаш не престанала да работи за да го постигне тоа“.
„Ова е резултат не само на екстремниот притисок под кој беше под Хамас и на променетата регионална равенка по примирјето во Либан и слабеењето на Иран – туку и на упорната и макотрпна американска дипломатија“, рече Бајден.
Овој натпревар меѓу двајцата претседатели се случува затоа што и двајцата сакаат овој договор да го направи успехот на Блискиот Исток наследство од нивните претседателства. Администрацијата на Бајден со месеци работи на воспоставување мир преку преговори, кои фрустрирачки се доближија до успех само за постојано да пропаднат, пишува Јутарњи.
Трамп пред еден месец ги изненади американските кругови и светот, кој ја следи кризата во Газа, со закана за „пекол“ за целиот Блиски Исток доколку заробените луѓе не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари годинава, откако претходно вети да ќе донесе „мир“ на Блискиот Исток.
Така тој посочи дека ќе стави крај на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но не спомена на кој точен начин.
🚨Flashback to Donald Trump just days ago:
“If they (the hostages) are not back by the time I get into office, all hell is gonna break out”.
Today Trump announced the Hostages will be released soon!
BOOM! pic.twitter.com/ZzQStSvaqQ
— Alec Lace (@AlecLace) January 15, 2025
Видео од неговата изјава во која вели: „Нема да биде добро за Хамас, и искрено, за никого. Ќе биде апсолутен пекол. Не морам ништо повеќе да кажам, но така ќе биде“. во последните денови стана вирално на социјалните мрежи.
„Претседателот, неговата репутација и она што го рече се двигатели на овие преговори и се надеваме дека сè ќе испадне добро и дека ќе спасиме животи“, рече неговиот пратеник за Блискиот Исток, Виткоф.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.