Регион
Тачи: Владата во Приштина му дозволи на Вучиќ да го посети Косово

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ има дозвола од владата на Приштина да го посети Косово, изјави заменик премиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи.
„Посетата на српскиот премиер се остварува со дозвола на косовски власти. Не е прва, ниту последна посета. Оваа посета доаѓа по посетата на косовски министри во Белград. Значи, речиси се нормални посетите меѓу двете земји. Се работи за посета од хуманитарен и верски карактер и ние се трудиме да ги зголемиме и интензивираме меѓусебните посети и не треба да се плашиме од комуникација“, изјави косовскиот вицепремиер Хашим Тачи.Тачи во понеделник во Тирана се сретна со шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати. Тој изјави дека српскиот премиер има своја, а косовските власти нивна агенда, истакнувајќи дека не ја знае точно програмата на посетата на Вучиќ на Косово.„Сигурно има изјави кои нам не ни се допаѓаат, меѓутоа ние живееме во овој регион и треба да работиме да го надминеме минатото и да гледаме кон иднината“, рече Тачи.Вучиќ во вторник треба да отпатува на Косово, а ќе престојува во Грачаница, Косовско поморавје, Штрбац и Брезовица. Тачи во Тирана ќе разговара и со премиерот и претседател на Албанија, Еди Рама и Бујар Нишани и ќе биде прогласен за почесен доктор на науките на тамошниот Државен универзитет./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.