Свет
Медведев смени 22 високи полициски службеници
Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска разреши 22 високи функционери во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и повеќе регионални началници, како и шефот на руското биро на Интерпол, соопшти Кремљ.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска разреши 22 високи функционери во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и повеќе регионални началници, како и шефот на руското биро на Интерпол, соопшти Кремљ.
Меѓу сменетите се и министерот за внатрешни работи на Република Јакутија, шефот на полицијата на регионот Вороњез, заменик шефот на регионот Јекатерингбург и вториот човек на московската полиција.
Медведев исто го отпушти и шефот на бирото на руски Интерпол, полицискиот генерал Тимур Лакоњин и тројца полициски полковници.
Од кабинетот на претседателот не се соопштени причините за смените.
Извор од руското МВР, како што пренесе агенцијата РИА Новости, рекол дека има повеќе причини: некои генерали исполниле услови за пензија, други самите барале да бидат разрешени, а некои ги загубиле своите работни места како дел од реформите во полицијата.
Рускиот претседател од почетокот на годината веќе разреши десетина високи функционери во МВР.
Медведев започна голема реформа на руската полиција, посебно поради корупцијата, која е голем проблем во русија, а посебно е присутна во органите на редот. /крај/риан/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Јапонија
Денес, Јапонија беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала, според податоците од Геолошкиот завод на САД.
Земјотресот, на длабочина од 11,2 километри, го погоди Јамада, крај брегот на источната префектура Ивате, околу 16:23 часот по локално време.
Според податоците од Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил со јачина од три степени според јапонската сеизмичка скала од седум.
Нема извештаи за предупредување за цунами или материјална штета.
Еден ден претходно, земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Ивате на длабочина од 10 километри.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами, кое подоцна беше укинато.
Фото: принтскрин
Свет
Москва ги негира наводите дека Лавров ја изгубил довербата на Путин
Кремљ соопшти дека Сергеј Лавров активно работи како министер за надворешни работи на Русија, со порака да се игнорираат шпекулациите на западните медиуми дека можеби ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин.
75-годишниот Лавров, ветеран дипломат познат по својот цврст стил на преговарање, отсуствуваше од голем состанок во Кремљ минатата недела на кој требаше да присуствува. Исто така, Путин избра некој друг да присуствува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец, наместо Лавров, кој редовно ја извршуваше таа функција во минатото.
Кремљ во петокот ги отфрли шпекулациите дека Лавров ја изгубил наклонетоста кај Путин откако напорите за организирање самит меѓу рускиот претседател и Доналд Трамп беа замрзнати минатиот месец.
Ројтерс и други медиуми во тоа време објавија дека Вашингтон го откажал новиот самит откако министерството на Лавров испратило порака во која се вели дека Москва не е подготвена да отстапи од своите барања во врска со Украина.
Британскиот „Фајненшл тајмс“ цитирал извор кој сугерирал дека исходот од разговорите на Лавров со Рубио го обесхрабрил Вашингтон.
Лавров во петокот изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио бидејќи двајцата ја разбираат потребата од редовна комуникација.
Свет
Детали за судирот на возови во Словачка: Речиси 80 патници повредени; свикана итна седница на владата
Во судирот на два воза што се случи во недела попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, а најтешки повреди претрпеа три лица, објави денес словачкиот Оперативен центар за итна медицинска помош.
Судирот помеѓу возовите REX 1814, кој сообраќал од Нитра до Братислава, и Ex 620, кој сообраќал на линијата Кошице – Братислава, се случил околу 19:30 часот, кога еден од возовите поминал на црвено светло. Исто така, се наведува дека 60 пациенти се здобиле со полесни повреди, како и дека во двата воза имало вкупно 800 патници, објавува Словачка правда.
„15 амбулантни возила интервенираа на лице место, а 79 пациенти беа пренесени во болници. По првичната помош, тие беа пренесени во болниците во Крамер и Ружинова во Братислава. Сите беа свесни“, изјави Службата за итни случаи.
Ева Клиска, портпаролка на Клиничкиот центар во Братислава, изјави дека патниците претрпеле полесни повреди како гребнатини или модринки, но и тешки повреди за кои била потребна операција – разни политрауми, фрактури на екстремитети, тешки повреди на градите, стомакот или главата.
Како што забележа, тројца пациенти биле оперирани, тие во моментов се стабилизирани и надвор од животна опасност, додека 13 пациенти остануваат хоспитализирани во болниците на УНБ.
„Другите пациенти, кои имаа полесни повреди, беа згрижени во централните приемни одделенија и, со оглед на тоа што нивната состојба не бараше хоспитализација, беа пуштени на домашно лекување“, изјави портпаролката.
Министерот за здравство Камил Шашко изјави дека приближно 800 луѓе, претежно студенти, патувале со возовите, додека директорот на противпожарната служба, Адријан Мифковиќ, верува дека е можно да има дополнителни повреди, на пример во цервикалниот ‘рбет.
Полицијата потврди дека немало смртни случаи во судирот. Двајцата возачи биле алкотестирани и тестирани за дрога, а нивните резултати биле негативни.
Директорот на Словачките железници, Иван Беднарик, изјави дека мора да ги почекаат наодите од истрагата и дека засега не е јасно дали станува збор за техничка или човечка грешка.
Според него, експресниот воз закочил, или автоматски или од машиновозачот, и минувал низ станица каде што дозволената брзина била 140 километри на час. Како што рече, доколку не закочел, оваа несреќа можела да биде многу полоша.
По железничката несреќа на делницата Пезинок – Свати Јур, сообраќајот бил целосно прекинат околу три часа, а од утрово неколку железнички линии се доцнат помеѓу 30 и 50 минути.
Словачкиот премиер Роберт Фицо им посака на повредените брзо закрепнување и нагласи дека случајот бара темелна истрага.
Тој закажа и вонредна седница на владата на која, како што рече, треба да се донесат потребните одлуки.

