Македонија
Наставниците ќе се заштитуваат од малтретирањето на родителите и учениците
Со новите измени во Законот за основно и средно образование, ќе се оневозможи физичкото и психичко малтретирање на наставниците од страна на родителите и учениците, најави Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Со новите измени во Законот за основно и средно образование, ќе се оневозможи физичкото и психичко малтретирање на наставниците од страна на родителите и учениците, најави Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
„Овие законски измени се за оние родители, старатели кои вршат притисок од било каков карактер врз учителите и наставниците во основните и средните училишта,“ рече Министерот Тодоров на денешното одбележување на Светскиот ден на учителите во гимназијата „Никола Карев“, и додаде дека законските измени треба да го заштитат дигнитетот на учителската професија.
Тодоров рече дека од 2004-та година наваму платите на наставниците се зголемени за 130 отсто и особено внимание е посветено на најниските плати во образованието.
„Веројатно сум еден од поозборуваните министри во регионот затоа што и во услови на светска економска криза ние превземавме еден ваков чекор и донесовме одлука за зголемување на платите на сите наставници во Македонија и за оваа намена во буџетот на МОН за 2010 година, алоциравме дополнителни 650 милиони денари, затоа што започнавме од март месец,“ рече Тодоров и додаде дека за наредната година овој пакет на зголемување ќе чини околу 850 милиони денари, износ кој треба да ја подобри финансиската состојба на наставниците во Македонија./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

