Македонија
Почнаа Божикните празници за католиците

Вечерва верниците од католичка вероисповест кои се водат по Грегоријанскиот календар ќе го прослават Раѓањето Христово – Божиќ
Во Република Македонија живеат околу 15 илјади католици. Во скопската катедрала „Срце Исусово“ вечерва ќе се одржи свечена божиќна миса. „Неизмерната божја љубов и неискажливата божја добрина остварени со отелотворувањето на божјиот син за сите нас се непресушлив извор во делотворната божја љубов, добрина радост и мир, со тие мисли на сите вас почитувани верници и на секој човек со добра волја од се срце ви го честитам празникот на христовото раѓање божиќ. Христос се роди, славете го!“ порача скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции преку алатката „Пријавете неправилност“, достапна на веб-страницата на Министерството за здравство.
„Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме во согласност со законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб-страницата на Министерството граѓаните може да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет се здравјето и безбедноста на пациентите“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува во согласност со законските процедури.
Потсетуваме дека веќе почна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат најбргу што доставени до стручната комисија составена од странски експерти.
Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.
Македонија
Шалтерите за наплата во „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците дека утре, четврток, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот.
В петок, 29.08.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Македонија
(Фото) Нови и зајакнати услови за идните ИТ-таленти од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.
„Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика“, велат од Општината.
На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.
„Општина Аеродром и училиштето упатуваат голема благодарност до Државниот завод за статистика за препознавањето и поддршката, кои претставуваат значаен поттик за учениците и наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии“, се додава во соопштението на Општината.