Македонија
Нови постдипломски студии на Факултетот за драмски уметности
Деканот на Факултетот за драмски уметности Кирил Ристовски заедно со министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска ги подели првите индекси на новите постдипломски студии при ФДУ.
Деканот на Факултетот за драмски уметности Кирил Ристовски заедно со министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска ги подели првите индекси на новите постдипломски студии при ФДУ. Постдипломските студии ќе бидат во траење од една година и се достапни за осум модули: актерска игра, театарска режија, драматургија, продукција, филмска и ТВ-режија, снимање, монтажа и сценарио. Деканот Ристовски рече дека 41 студент веќе аплицирале за студиите што е одличен одзив земајќи предвид дека во сите четири години на додипломски студии годишно студираат околу 90 студенти. „Освен што сега првпат ќе можат да го надградуваат своето образование на матичниот факултет, ќе имаат можност и чест да учат од наставнички кадар од редовите на најеминентните творци, мајстори во своите области, рече Ристовски. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров ја поздрави иницијативата за нови постдипломски и рече дека со набавувањето на технолошки напредна лабораторија за ФДУ која вреди околу 600.000 евра и е дел од новиот тендер на МОН за лаборатории за факултетите од хуманистичките науки, треба сериозно да се подобри квалитетот на наставата на факултетот. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

