Контакт

Општество

Православните христијани го слават празникот- Успение на Пресвета Богородица

Објавено пред

Православните христијани во четврток го слават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како што е случајот со празнувањето на рождеството на Пресвета Богородица, и нејзиното Воведување во Храмот, не постојат библиски ниту историски извори кои се поврзуваат со овој празник. Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе, не своеволно, како нејзиниот Син, туку според нејзината смртна човечка природа сврзана со овој свет.

 

Како и сите други празники посветени на Пресвета Богородица, православните христијани ги слават нивните животи во Христа и Светиот Дух. Она што ѝ се случува на Дева Марија, ќе се случи на сите оние кои го подражаваат нејзиниот пример и живеат богоугоден живот на скромност, љубов и смирение пред Божјата Волја. Преку неа, сите луѓе ќе бидат „благословени да бидат почесни од херувимите и неспоредливо послевни од серафимите“ доколку го следат нејзиниот свет пример. Уште повеќе, сите ќе имаат удел во вечниот живот на Божјото Царство.

 

По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години. За неа се до нејзината смрт се грижел љубениот Христов ученик свети Јован Богослов. На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната смрт. И рекол дека: “Ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со Бесмртниот Цар на славата“. Таа веднаш го известила за тоа светиот апостол Јован Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака (која всушност е извршена), Нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители, светите праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.

 

На денот на нејзиното Успение, таа лежела на одарот и одеднаш се осветлила куќата со необична светлост од Божјата слава. Божјата Мајка Го видела Синот како ѝ се приближува. Загледувајќи го приближувањето на Синот, Божјата Мајка радосно воскликнала: “Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој …“.

 

Таа се подигнала од одарот како да оди во пресрет на Својот Син и Му се поклонила на Својот Бог. А Тој, приближувајќи се, и со неизмерна синовска љубов, гледајќи на Неа, рекол: “Дојди Блиска моја, дојди Голубице моја, дојди најскапоцен мој Бисер, и влези во живеалиштето на вечниот живот“.

 

Богородица Му се поклонила и Му рекла да го прими Нејзиниот дух и да ја заштити од власта на темнината. Таа мирно ја предала Својата света душа во рацете на Бога, без да почувствува болка, како да заспала. Во книгата за Нејзиното чесно упокојување се вели: “Бројот на годините кои непорочната Мајка Божја ги поживеа на земјата се точно педесет и девет“.

 

Започнал највеличествениот, најсвечениот погреб, во поворка со многу христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамења одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Богослов кој ја носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосвештеници и книжници од завист испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле “телото на Марија да го изгорат“, а на апостолите да ги претепаат. Но, Бог ги поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот свештеник Антониј, кој се обидел да го сврти сандакот, невидлив ангел му ги отсекол рацете.

 

Апостолите ја погребале Богородица. Кога по три дена го отвориле гробот за да ѝ се поклони Св. апостол Тома, кој не бил присутен на нејзиното погребение, “ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше во гробот“. Таа, како и Христос, доживеала телесна смрт, но во третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со телото земена на небото. Се вознела на небото.

 

Таа им се јавила на апостолите жива, светла и опкружена со ангели им рекла: “Радувајте се, зашто сум со вас во сите денови“.

 

Православната Црква учи дека Пресвета е пренепорочна, без ниту еден личен грев. Но, во Евангелието на празникот, исто како и на иконата на Успението, Црквата исто така посочува дека и Богородица требало да биде спасена од Христос, како и сите луѓе; исто така, Црквата нѐ учи и дека таа била вознесена од нејзиниот Син како Мајка на Животот за вечно да учествува во вечниот живот.

 

Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на сепобедливиот Христос, и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија. Овој празник е знак, сигурност и славење на исполнувањето на сите оние животи, чии души Го слават Бога, целосно посветени на слушање и одржување на Божјото Слово кое е дадено на луѓето преку Богодетето на Марија, преку Спасителот на светот.

 

Постои традиција на благословување на цветовите во православните храмови на овој празник.

 

Празникот Успение на Богомајката е установен од Црквата во древноста. За него се спомнува во делата на блажени Јероним, Августин и Григориј епископ на Тур. Во IV век тој веќе насекаде се празнувал во Византија. По желба на византискиот император Маврикиј, (кој на 15 август 595 г. ги победил Персијците, т.е. на денот на Успението на Богомајката) празникот станал општоцрковен.

 

Но, првично празникот не се празнувал истовремено: на едни места – во јануари, на други – во август. Така, на Запад, во Римската Црква (VII в.) на 18 јануари се празнувало „упокоението на Дева Марија“, а на 14 август – „заминувањето на небо.“ Заедничкото празнување на Успението на 15 август, во повеќето источни и западни Цркви се установува во VIII-IX в.

 

Основна цел на установувањето на празникот било прославувањето на Богомајката и Нејзиното Успение. Кон оваа основна цел во IV-V в. се присоединува и друга – осуда на заблудите на еретиците кои посегнувале по достоинството на Богомајката, конкретно, заблудите на колиридијаните, еретици од IV век, кој ја одекувале човечката природа на Пресвета Дева (заради што одрекувале дека таа и се упокоила на земјата).

 

Во V век, Анатолиј патријарх Константинополски напишал стихири за овој празник, а во VIII век – два канона напишале Косма Мајумски и Јован Дамаскин. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ7 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија9 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија10 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура11 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија12 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија12 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија14 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија15 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет16 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет16 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет17 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа17 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...