Контакт

Македонија

Владината делегација во Лондон ги претстави македонските економски поволности

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Горан Мицковски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, во вторникот во Лондон и се обратија на бизнис форум за презентација на поволностите кои ги нуди Македонија за реализација на странски инвестиции.

dobivaj vesti na viber

 

На бизнис форумот во Лондон присуствуваа претставници на над стотина компании од различни области како што е финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото.

 

Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните изјави дека македонската Влада е пријателски ориентирана спрема инвеститорите и бизнисот.

 

„Работиме со инвеститорите за да ги слушнеме нивните барања, нивните проблеми и прашања кои им се важни и земајќи ги во предвид најдобрите искуства од странство направивме многу промени, не само во легислативата, туку и во нејзината примена, спроведуваме реформи и на тој начин правиме напредок“, изјави премиерот Груевски.

Toj се осврна и на макроекономските показатели кои покажуваат стабилност и раст.

 

„Mинатата година ја завршивме со околу 3 проценти раст што беше трет најголем раст во Европа, оваа година во првите 6 месеци имаме раст на БДП од 3,9 отсто, во првиот квартал беше околу 3,5 отсто, а во вториот 4,3 проценти со што просекот е 3,9 проценти, што е најголем раст во Европа за овие шест месеци. Извозот на производи од Македонија од почетокот на годината бележи раст од 18,5 проценти. Така што овие макроекономски податоци одат во добра насока”, изјави премиерот Груевски.

 

Премиерот Груевски истакна дека Владата е посветена и кон инвестиции во инфраструктурата и дека моментално се градат 3 нови автопати, железница кон Бугарија и паралелно се преземаат активности за процесот на гасификација.

 

Вицепремиерот Зоран Ставрески посочи дека бизнис форумот во Лондон се карактеризира со одлична посетеност на компаниите и има присутни компании кои што се базирани и работат во Англија, но и глобални компании од повеќе различни сектори, од производствениот, услужниот и финансискиот сектор, компании од информатичката дејност. 

 

„Задоволство е што тука се присутни и компании кои веќе инвестирале во Република Македонија и кои што најдобро зборуваат за своето искуство од инвестирањето во државата што е добра препорака за оние што размислуваат понатаму да инвестираат во нашата земја. Може да се истакнат извонредните услови што ги имаме како во делот на даночните поволности, така и во поглед на растот  и перспективите на македонската економија, квалификуваната работна сила и се она што Македонија ја прави исклучително атрактивен модел за инвестирање за англиските инвеститори. Очекувам врз основа на големиот интерес кој што денес беше покажан и разговорите кој ги имаме со компаниите и поединечните инвеститори еден дел ќе дојдат во Македонија, а еден дел ќе се решат и да инвестираат”, истакна вицепремиерот Ставрески.

 

Министерот Горан Мицковски во своето обраќање се задржа подетално на реформите и поволностите кои се нудат во даночната и финансиската сфера, како и добрата бизнис клима која веќе постои и можноста за интензивна соработка и комуникација на потенцијалните инвеститори со владините институции.

 

Директорот на компанијата Томас Милер Инвестмент, Аби Олтаџмент изјави дека на форумот имал можност да дознае многу информации во врска со инвестициската клима во Република Македонија.

 

„Се гледа посветеноста на владините претставници во привлекување на странски инвеститори. Политиките за инвестирање за кои разговараше Премиерот за земја како Македонија се извонредни и одлични. И од она што го слушнав се гледа дека постои добра клима за инвестирање“, изјави  Олтаџмент.

 

Директорот Клас Смит Солбејкер кој ја предводи компанијата Арбан Груп која доаѓа од финансискиот и консалтинг сектор изјави дека Македонија може да понуди многу интересни можности за инвестирање, особено во сферата на банкарството, инвестициските фондови или отворање на оперативни претставништва во Македонија користејќи ги предностите во даночната и останатите сфери. Тој посочи дека македонската Влада овозможува за инвеститорите  многу интересни поволности, но не само тоа туку и добра инфраструктура, што е одлично за отпочнување на бизнис./крај/мф/бс

 

 

Економија

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација на компанијата

Објавено пред

ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ, НАЈНОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „АЛКАЛОИД“ АД ВРЕДНА 3,1 МИЛИОНИ ЕВРА, Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НАЈВИСОКО НИВО НА КОНТРОЛА НА МИКРОБИОЛОШКИОТ КВАЛИТЕТ НА СУРОВИНИТЕ, ПРИМАРНАТА АМБАЛАЖА, ПОЛУПРОИЗВОДИТЕ И НА ГОТОВИТЕ ПРОИЗВОДИ.

dobivaj vesti na viber

На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, мониторинг на компримираниот воздух, верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми, тестирање на антимикробната ефикасност, потврда за ефикасноста на дезинфициенсите, како и други анализи, во согласност со регулаторните барања.

 

Оваа најнова инвестиција на „Алкалоид“ беше пуштена во употреба при официјалната посета на владина делегација на компанијата, предводена од Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, придружуван од д-р Азир Алиу, Министер за здравство, и од г. Сашо Клековски, Директор на Фондот за здравствено осигурување.

„Со Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет Македонија се позиционира како регионален лидер не само во фармацевтската микробиологија, туку и во целокупната контрола на лекови. Проектот е целосно финансиран и реализиран од ’Алкалоид’ АД, со сопствени ресурси, интерна експертиза и со инвестиција од околу 3,1 милиони евра реализирана во период од речиси две години, што е јасна потврда за визијата, знаењето и за долгорочната посветеност на компанијата на врвниот квалитет“, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

„За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска во ’Алкалоид’ видовме работи кои ги гледаме во најсовремените светски фармацевтски индустрии. Горди сме што се македонски. Благодарност до Генералниот директор и до сите вработени кои денеска стручно ни објаснија со што сè се занимава оваа компанија и можам со задоволство да констатирам дека над 3000 вработени ја градат својата иднина во ’Алкалоид’. Извозното портфолио на компанијата, кое е повеќе од две третини од производството, позитивно влијае во насока на економската состојба на државата и зголемувањето на БДП и на индустриското производство, па затоа ние како Влада секогаш ќе поддржуваме успешни македонски приказни бидејќи нема подобра промоција за државата од ваква успешна приказна надвор од границите“, изјави Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски.

Новата Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје има капацитет да изведува околу 20.000 различни микробиолошки анализи годишно, a во неа работи 21 високостручно лице. Одделот за контрола на квалитет носи стратешка одговорност за усогласеност со меѓународните регулаторни стандарди во фармацијата, а со него раководи д-р Ѓорѓи Петрушевски, доктор по хемиски науки со значаен научен придонес (33 објавени научни трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание и повеќе од 500 цитати) и со експертиза на полето на фармацевтската хемија и фармацевтските системи за квалитет.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Македонија 2025“ со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Објавено пред

„Македонија 2025“ ги објави резултатите од својата работа во 2025 година, при што организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година „Македонија 2025“ имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за развој. Организацијата исто така бележи значително зголемување на својот општествен импакт, со 94 активни членови во управните и советодавните тела и развиени шест клучни предлог-политики кои веќе се интегрираат во национални стратегии и реформски процеси.

dobivaj vesti na viber

2025 беше година на значајни исчекори и во однос на глобалната дијаспора. Македонија2025 ја спроведе првата и најголема глобална анкета на дијаспората со над 1.400 учесници од повеќе од 40 земји, чијашто анализа веќе е основа за новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030. Во партнерство со Владата беше лансирана и кампањата „Македонска дијаспоро, добредојде дома“, која допре до над 20.000 иселеници ширум светот, а организацијата учествуваше во креирањето и на повеќе стратешки документи во областите дигитализација, конкурентност, високо образование, научно-технолошки развој и односи со дијаспората.

Паралелно, „Македонија 2025“ продолжи континуирано да ја зајакнува бизнис-заедницата и човечкиот капитал преку програми насочени кон модернизација, дигитална трансформација и развој на лидерски компетенции. Преку Центарот за дигитална трансформација – GoDigital беа изработени 30 детални проценки на дигитална зрелост, 15 дигитални стратегии за компании и беше обезбедена практична техничка поддршка за пет компании во процесот на имплементација на нови дигитални решенија. Овие услуги им помогнаа на фирмите да го подигнат својот степен на конкурентност, да ги оптимизираат процесите и да воведат алатки што ја забрзуваат нивната интеграција во современите економски текови. Воедно, 553 професионалци и менаџери посетуваа специјализирани обуки, работилници и вебинари, со што се создаде поширока заедница на практичари кои активно ја применуваат стекнатата експертиза во своите организации. Како дел од напорите за градење силна генерација претприемачи, 27 млади менаџери и основачи на компании го надградија своето бизнис знаење преку реномираната обука што ја спроведе канадската Ајви бизнис-школа во рамките на проектот „Лидер“, со што мрежата на алумни се прошири на 451 член.

Во делот на лидерството, програмите на Македонија2025 и годинава изградија нова генерација на носители на промени. Престижната програма за образование на извршни директори Зафировски, на Келог-школата за менаџмент (САД) во 2025 година ја завршија пет македонски извршни директори кои стекнаа врвни глобални менаџерски знаења и пристап до меѓународна мрежа на лидери. Со ова, нашата Зафировски алумни заедница достигна до 51 член. Дополнително, 5 професионалци беа дел од програмата за извршно образование во Канада, комбинирајќи академски модули со практично учење и размена на искуства во канадски компании.

Стипендиската програма за студентска извонредност „Атанас Близнакоф“ поддржа 121 студент, а особено значајно е што 75% од нив беа поврзани со ментори – успешни македонски професионалци од земјата и дијаспората – кои им помогнаа да ги развијат своите кариерни насоки, академски капацитети и професионални амбиции. На овој начин, програмите на Македонија2025 не само што обезбедуваат финансиска и образовна поддршка, туку создаваат и силен еко-систем на идни лидери, поврзани со глобалната мрежа на знаење и можности.

Во хуманитарната сфера, како одговор на трагедијата во Кочани, организацијата обезбеди 55.356 евра за медицинска опрема за три здравствени установи во Скопје и во Кочани, а Клубот на амбасадорите на „Македонија 2025“ му донира средства за реновирање дел од детското одделение во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Посебно влијание во 2025 година имаше и 14-тиот годишниот самит „Македонија 2025“, кој повторно се позиционира како водечки бизнис-настан во регионот. Со повеќе од 700 учесници, 38 говорници од 15 земји и богата програма од панели, дискусии и B2B-средби, самитот беше фокусиран на економскиот раст, дигиталната трансформација, иновациите и улогата на дијаспората во забрзувањето на развојот на земјата, создавајќи платформа за идеи и партнерства што ги поврзуваат бизнисите дома и во светот.

Со овие резултати „Македонија 2025“ ја заокружува 2025 година како една од најуспешните досега, поставувајќи високи стандарди за економски развој, иновации и вклученост на дијаспората и поставува темели за уште поамбициозна агенда во 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Енергетиката мора да биде простор каде што жените не се исклучок, туку правило

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството за европски прашања и UN Women. Настанот обедини високи претставници на институциите, експерти и партнерски организации во заедничка цел – интегрирање на родовата еднаквост како централна компонента на европската интеграција.

dobivaj vesti na viber

Во своето воведно обраќање, министерката Божиновска истакна дека родовата рамноправност е темелна европска вредност и јасен услов за членство во ЕУ, но пред сè – е инвестиција во стабилноста, економскиот раст и одржливата иднина на државата.

„Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард. А ние тој стандард го прифаќаме затоа што веруваме во држава без привилегирани и непривилегирани граѓани,“ нагласи министерката.

Таа потсети дека токму енергетиката – како стратешки сектор и политички столб на европската интеграција – останува област со најниско учество на жени, што не претставува само општествена неправда, туку и пречка за успешно водена зелена транзиција.

„Жените се најмалку застапени во техничките професии, енергетските иновации и лидерските позиции. Тоа е ограничување што мора да го надминеме ако сакаме модерна, европска и конкурентна економија, Рамноправноста не се случува сама од себе – таа се гради. Во сектор како енергетиката, каде жените често мора двојно да се докажуваат, моја обврска како лидер е да ја отворам вратата за други жени. Ако институциите создадат фер правила и јасни можности, талентот ќе се истакне,“ порача Божиновска.

Министерката го истакна и фактот дека Министерството за енергетика денес е институција со целосен родов баланс – 50% жени и 50% мажи – што, како што нагласи, е доказ дека институциите можат и мора да бидат двигател на еднаквоста.

Во обраќањето беше најавено дека принципите на еднаков третман, еднаква плата, недискриминација и родово вклучување ќе бидат интегрирани во сите клучни енергетски реформи.

Министерката ја поздрави соработката со UN Women и изработката на десетте родови GAP анализи, кои ќе бидат основа за нови мерки, статистички показатели и политики засновани на докази.

„Зелената транзиција нема да успее ако половина од населението остане надвор од процесот. Нашата обврска е да креираме систем кој е стабилен, европски и праведен – систем во кој секоја жена има пристап до образование, технологија, иновации и лидерски позиции во енергетиката, Европа не гради нов енергетски систем за да ја повтори неправдата од стариот. Европа гради систем во кој секој добива шанса да придонесе – и ние мора да бидеме дел од таа визија,“ подвлече Божиновска.

Конференцијата заврши со повик за засилена координација меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор, како и со заедничка оценка дека Северна Македонија има потенцијал да стане регионски лидер во создавањето инклузивна и родово еднаква зелена транзиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија4 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија4 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет6 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија21 час

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија22 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...