Контакт

Вести

САД: Четвртата дебата на демократите со Клинтон, Сандерс и О’Мали

Објавено пред

Поранешната прва дама и државна секретарка Хилари Родам Клинтон, сенаторот од сојузната држава Вермонт, Берни Сандерс и гувернерот на државата Мериленд, Мартин О’Мали, ќе учествуваат во неделата навечер во четвртото директно соочување за партиската номинација на претседателските избори во САД во ноември годинава, кој е последен дуел пред партиските избори кои за две седмици ќе се одржат во Ајова.

dobivaj vesti na viber

Анкетите покажуваат сé потесна трка и сé поголеми тензии меѓу ривалите во Демократската партија за влез во Белата куќа. Хилари Клинтон и Берни Сандерс во неделата во телевизиското соочување во Чарслтон, во државата Јужна Каролина, би можеле да влезат во жестока расправа. Двајцата водечки демократски претенденти во последно време жестоко се напаѓаат меѓусебно, спорејќи околу прашањето за огненото оружје, здравствениот систем и Волстри.

На Сандерс сé повеќе му се зголемува популарноста во клучните држави, што му даде полет, додека Клинтон сака да ја задржи предноста којашто ја стекна на почетокот, па оттаму не зачудува што реториката се заострува. Се очекува дека во неделната дебата, којашто ќе ја пренесува телевизиската мрежа NBC а ќе може да се следи и на YouTube, и надворешната политика ќе добие значаен простор, имајќи предвид дека во саботата беше објавена веста за размената на затворениците меѓу САД и Иран во рамките на која Техеран ослободи пет Американци, меѓу кои и новинарот на The Washington Post, како и укинувањето на меѓународните и западните санкции за Исламската Република.

Гувернерот О’Мали лошо стои во анкетите и значително заостанува зад Клинтон и Сандерс. Кога станува збор за Сандерс, тој во Ајова, каде што ќе се одржат првите предизбори, е изедначен со Клинтон, додека е во предност во Њу Хемпшир, втората држава по ред во која ќе се гласа за демократските избори.

Оттаму, според американките коментатори, не зачудуваат острите изјави во последниот период. Клинтон жестоко го нападна Сандерс поради неговата благонаклонетост кон лобито на произведувачите на оружје и критички се осврна на неговиот предлог за здравствен систем барајќи од него да објасни кој тоа би го платил. Клинтон го обвинува својот ривал дека сака да ѝ ги зголеми даноците на средната класа, за да го финансира универзалниот систем на здравствена заштита, според примерот на европските здравствени системи.

Сандерс, пак, одговори со видео спот со демократите кои земаат пари од Волстрит, навестувајќи го својот план за разбивање на големите банки. На што Клинтон возврати дека го погазил своето ветување дека нема да ѝ прикажува негативни реклами.

„Очигледно се одлучија да ги заострат своите спритиставени ставови за некои прашања. Ова ќе биде многу важна дебата, имајќи го предвид големиот број неодлучени избирачи во анкетите. Луѓето уште ја мерат својата одлука“, вело Бред Андерсон кој ја водеше кампањата на актуелниот претседател Барак Обама во Ајова во 2012 година. Според него,. Клинтон сака жестоко да го нападне Сандерс дека е „преблаг“ по прашањето на заострувањето на законот за носење оружје, особено имајќи предвид дека дебатата се одвива во Чарслтон, недалеку од црквата во која ланскиот белец уби девет црнци.

Аналитичарите сметаат дека со победата на Сандерс во Ајова и во Њу Хемпшир работите може радикално да се променат, но и предупредуваат дека со изедначената битка може да сведочат за пресврт во една од досега најтивките кампањи во една „грда кампања“. И додека истакнуваат дека е добро што работите се „усвителе“, исто така, оценуваа дека кандидатите би требало да внимаваат на својот јазик и на тонот, доколку сакаат луѓето масовно да се јават на гласачките места во „студената зимска ноќ“.

„Преагресивните, негативни пораки, би можеле да ги одвратат од гласањето“, оцени Андерсон.

За да ги мобилизира своите гласачи во Ајова, која се покажа многу важна, Клинтон во саботата во оваа држава ги испрати својот сопруг поранешен претседател Бил Клинтон и нивната 35-годишна ќерка Челзи. „Не би можела за себе да замислам подобар модел да бидам сопруга, демократка, напредна и вработена мајка“, порача Челзи на собир пред околу 500 луѓе./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Македонија2 часа

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански...

Топ4 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија5 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет5 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија5 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија5 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет16 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ17 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија18 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет20 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ23 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ23 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион1 ден

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија1 ден

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија1 ден

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија1 ден

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија1 ден

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...