Македонија
Насилството меѓу децата и младите во пораст
Насилството помеѓу децата и младите бележи тенденција на пораст, а децата веќе почнуваат да користат и ладно оружје во малолетничкиот криминалитет, тврдат експертите од Форумот за безбедност.
„Ако го гледаме малолетничкиот криминалитет според некои понови истражувања има тенденција на пораст. Веќе сме сведоци дека децата користат и ладно оружје, а во минатото сведоци бевме каде што и куршуми завршија во таваните на едно училиште“, смета Гоце Аризанкоски, претседател на Форумот за безбедност кој додаде дека во моментот постои и голема веројатност од политичка манипулација и инструментализација на децата и младите за меѓуетничко насилство во училиштата.
„Со започнувањето на процесот на транзиција и со севкупните општествени промени, следствено имаше и промени во облиците на асоцијалното и антисоцијалното однесување на малолетниците и забележана е тенденција на пораст на овие облици на насилство поврзани со деца и млади луѓе во училиштата“, рече Аризанкоски.
Професорот Оливер Бачановиќ од Факултетот за безбедност во Скопје рече дека причините за насилството треба да се лоцираат во семејството, во општеството и се разбира во училиштето како една микросредина во која се детерминираат одредени причини поврзани со овој актуелен облик на насилство.
„Треба да се размислува за национална стратегија за спречување на насилството помеѓу младите, за разрешувањето на овој проблем поради тоа што мислам дека сите сме засегнати по ова прашање и тоа е прашање на младите кои се иднина на ова општество и мислам дека општеството мора да направи поголеми обиди за да го разреши овој проблем, или барем да го контролира“, рече Бачановиќ за Макфакс.
Аризанковски за ставање на овој вид на насилство под контрола вели дека пристапот треба да биде мултиинституционален, и дека не може една институција да се справи со овој вид на насилство.
„Со содејство на институциите и од областа на безбедноста и другите институции, на систематски и организиран начин сигурно ќе се намали обемот на насилството“, рече Гоце Аризанкоски, Претседател на Форумот за безбедност. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

