Вести
Русија ги отфрли критиките од САД во врска со новиот инцидент на Балтикот

Руското министерство за одбрана ги отфрли во неделата критиките на Здружената команда на американските војски во Европа и од Пентагон дека рускиот повеќенаменски борбен авион од типот „Су-27“ опасно му се приближил на американски шпионски авион „RC-135U“ кој наводно летал во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море.
„Не соодветствува со вистината тврдењето дека на 14-ти април (четвртокот) руски авион ‘Су-27’ опасно му се приближил на американски шпионски авион RC-135 на небото над Балтичкото Море“, изјавил портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Според него, тој ден дежурните сили на руската противвоздушна одбрана над Балтикот откриле воздушна цел која со голема брзина се приближувала кон руските државни граници.
„За идентификација на целта од составот на дежурните сили на авијацијата на Балтичката флота бил испратен еден ловец ‘Су-27’, кој облетувајќи ја идентификувал како американски шпионски авион RC-135U“, прецизира Конашенков, пренесува агенцијата РИА.
По визуелниот контакт со рускиот авион, американскиот шпионски воздухоплов го променил курсот во насока спротивна од руските граници, појаснил портпаролот на руското министерство за добрана. Конашенков истакнал дека летот на „Су-27“ над Балтикот бил изведе во целосно во согласност со меѓународните норми и немало никаква „опасна“ ситуација.
Откако неколку американски медиуми пишуваа за „блиската средба“ од четвртокот, во саботата лица од Пентагон и портпаролот на американската европска команда Дени Хернандез изјавија дека рускиот авион летал на само 15 метри од американскиот и оти „Небезбедните и непрофесионални акции на еден пилот може да доведат до непотребна ескалација во тензиите меѓу двете земји“.
Овој инцидент се случи дава дена откако извори од Пентагон се пожалија дека руски бомбардери „Су-24“ и противподморнички хеликоптер извршиле „агресивни“ прелети на ниска височина во „симулиран напад“ врз американскиот разурнувач „Donald Cook“, исто така, наводно во меѓународните води на Балтичкото Море.
Откако на претседателската функција во Русија дојде Владимир Путин, руската армија значително се зајакна со големи вложувања и амбициозно ново вооружување, додека Москва го обвинува НАТО дека не го почитува договорот и се шири кон нејзините граници и оти ја следи агресивната надворешна политика на САД./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.