Контакт

Вести

Лавров: Неприфатливо е конфликтот во Сирија да се гледа како судир во исламот

Објавено пред

Обидите за преставување на конфликтот во Сирија како судир меѓу муслиманите е неприфатливо, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во опширното интервју за телевизијата НТВ во кое уште зборуваше отворено за односите со САД и сознанијата дека нивното оружје паѓа во рацете на џихадистите, како и  за подготвеноста на Москва да соработува со опозициската Слободна сириска армија (FSA) која се бори против нејзиниот традиционален сириски сојузник претседателот Башар ал-Асад.

dobivaj vesti na viber

„Нашите колеги се обидуваат да ни кажат дека Исламската држава се формирала затоа што се оддолжила кризата во Сирија. И сега, како магнет, во Сирија се привлекуваат сите сунити, затоа што, како што велат, алавитите против сунитите користат сила, не сакајќи да ја препуштат власта. Тоа се многу опасни обиди“, рече Лавров во врска со забелешките на Западот дека поддршката што Русија му ја дава на својот децениски сојузник претседателот Башар ал-Асад кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница придонесува за одолговлекување на конфликтот кој започна во март 2011 година, а тој ја поддржува сунитската вооружен аопаозиција која ја нарекува „умерена“, како и дека руската воена интервенција во Сирија ќе ги привлече екстремните сунити од целиот свет на ова боиште.

„Зборував со колегите, со (американскиот државен секретар) Џон Кери, со европските партнери, дека обидите да се претстави овој конфликт како судир во самиот ислам е недозволиво“, истакна Лавров.

Според него, приорите во ситуацијата во Сирија е отстранувањето на светската закана од тероризмот. Но, САД не сакаат да одговорат на предлогот на Русија за формирање широка антитерористичка коалиција во Сирија, продолжи шефот на руската дипломатија, според кого „не се подготвени да ја признаат неефикасноста на своите операции, во заднина на ефективната работа на руската војска“ во воздушните напади врз позициите на Исламската држава.

„Веројатно станува збор за цела низа фактори. Најверојатно не е многу пријатно да се види како ефикасно дејствува нашата војска наспроти повеќе од една година долгата операција од страна на коалиција предводена од САД., којашто според мене извршила 60.000 летови, од кои барем половината би требало да бидат борбени мисии“, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи обрати внимание на недостигот од позитивните резултати на теренот од американските операции. „Напротив, Исламската држава и другите терористички групи, како Џебхат ан-Нусра која е огранок на Ал Каеда, го проширија влијанието и ја зголемија територијата под нивна контрола, на кои го практикуваат својот калифат, каде што го организираат животот на луѓето по сопствените закони. Во основа, ова е сосема нов вид тероризам“, додаде Лавров.

„Ние сите се бориме против тероризмот… Повторувам, и покрај тоа што нашите партнери не добиле поука од тоа што не постигнале значителни успеси, сепак, е потребно е да се надминат себеси и да одлучат што е поважно – лажното чувство на самодоверба или ослободување на светот од најсложената во последните децении закана“, рече Лавров.

Русија нема никакви сомневања дека оружјето и муницијата коишто САД им ги доставуваат на ткн ‘умерена сириска опозиција’ завршуваат во рацете на терористите, порача рускиот министер за надворешни работи.

„Искрено, ние дури немаме никакви сомневања дека барем значителен дел од тоа оружје доаѓа во рацете на терористите. Тоа предизвикува вознемиреност дури и во САД, каде јавноста и Конгресот веќе почнаа да поставуваат прашања за претходните обиди да се поддржува Умерената опозиција’“, истакна Лавров.

Неодамна програмата за обука на сириските опозициски борци, САД ја сопреа токму затоа што првата група од стотина борци кои ги обучија го предаде оружјето или сосе него мина во редовите на другата џихадистичка групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Лавров, исто така, потсети дека неодамна во САД се разгоре скандал околу стотиците џипови „Тојота“ кои ѝ биле доставени на Сириската слободна армија и на другите опозициски групации, но коишто дојдоа во посед на Исламската држава. „Исламската држава ги вози овие џипови, на нив монтираат митралези и дејствуваат од нив, носејќи ја својата разурнувачка идеја меѓу масите. Тоа е тажно“, заклучи .

Шефот на руската дипломатија ги критикуваше и плановите на Вашингтон да продолжи со поддршката на сириската опозиција која ја означува како умерена. „Неодамна беше објавено дека се откажуваат од програмата за обука, бидејќи тоа е скапо и не успеваат вистински да ги подготват. Одлучија да обучуваат само команданти на единици. Така што можеме да видиме многу малку конкретни нешта, што точно прават Американците во Сирија и зошто има толку незначителни резултати од толку многу борбени летови“, продолжи Лавров.

Тој уште еднаш повтори дека Русија сé уште го чека одговорот од западните партнери на „нашите барања да кажат на кој начин може да се соработува од страна на патриотската опозиција“.

Притоа Лавров истакна дека Русија е подготвена да се координира со Сириската слободна армија (FSA), која ја поддржуваат Западот и Турција, но нема контакти. Рускиот дипломат уверува дека Русија е подготвена да соработува со оваа групација против терористите, но досега не успеала да воспостави контакт.

„Пред неколку дена американскиот претседател Барак Обама во интервју даде неколку интересни изјави, меѓу другото, и за тоа како е неопходно да се координира во Сирија во борбата против тероризмот и со FSA. А токму на тоа ние повикуваме, и не првпат“, рече Лавров.

Потсети притоа дека рускиот претседател Владимир Путин апелираше на „воспоставување координација со коалицијата предводена од САД, без разлика што во Сирија таа коалиција дејствува нелегитимно, без да биде повикана на помош (Русија дејствува по барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад – з.м), а и Советот за безбедност при ОН нема донесено одлука за тоа“.

„Но доколку Обама повикува на координација со Сириската слободна армија, ние сме подготвени за тоа. И одамна им се обративме на Американците и на земјите во регионот, на Саудијците, Катар и Турција, со барање да ни покажат кој ја претставува и реално ја води FSA и да ни укажат на некои имиња со кои можеме да контактираме. Но тоа уште го чекаме“, појасни Лавров.

Шефот на руската дипломатија потсети и дека Москва му предложи на Вашингтон „соработка не само преку Пентагон и руското министерство за одбрана, за да се избегнат инцидентите“ при извршувањето на воздушните операции над Сирија. „Предложивме соработка во координација на нашите активности, на што уште нема одговор“, се пожали.

„Ја критикуваат нашата воена операција во Сирија, велат дека нашите удари не се со цел да ги ослабат терористите, туку да ја ослабат ‘умерената’ сириска опозиција. Ги прашавме да ги споделиме процените каде се ‘висинските’ цели, кои ќе им нанесат најголеми штети на терористите – тие сé уште не одговорија“, појасни Лавров и додаде дека уште без одговор од американска страна е и руското барање да им бидат покажани локациите каде нивните авиони би требало да гаѓаат./крај/мф/сн

Извор: TAСС



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија48 минути

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија57 минути

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет1 час

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет1 час

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет3 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет3 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет3 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет4 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа4 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија17 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија18 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија19 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија22 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија23 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија23 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија23 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија1 ден

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...