Свет
Загина ученик на протестите во Венецуела

Петнаесетгодишен ученик е убиен, а девет полицајци се повредени во градот Мерида во судирите против затворањето на телевизија која го критикуваше претседателот Чавез,пренесе Reuters
Државниoт оператор за кабелска телевизија во неделата ја исклучи телевизијата RCTV International, откако од владата беше кажано дека таа го крши законот за емитување. Всушност станува збор за одбивање на раководството на телевизијата која ја критикува власта и претседателот Хуго Чавез, да емитува пропаганден прилог на владата со говор на претседателот кој им бил поделен на сите венецуелски телевизиски станици.По ова избувнаа протести како продолжение на неделните демонстрации на опозицијата, а полицијата во главниот град Каракас морала да употреби солзавец да ги растера демонстрантите. Агенциите пренесуваат дека протести имало и во другите градови на земјата, а истовремено на улиците илзегле и приврзаниците на власта на контрадемонстрации.Министерот за внатрешни работи Тарек Ел Аисами потврди дека во Мерида е убиен 15-годишниот ученик Хосињо Хосе Кариљо, инаку од таборот приврзаници на претседателот Чавез. Тој додал дека меѓу ранетите деветмина полицајци, двајца добиле рани од огнострелно оружје.Дописниците од Каракас известија дека демонстрантите се обиделе да дојдат до зградата на владината регулаторна агенција која ја исклучила телевизијата RCTV.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Принцот Хари остана без телохранител, ја загуби правната битка и сега мора да плати речиси 2 милиони евра

Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.
Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.
Свет
Украинскиот парламент на 8 мај ќе гласа за ратификација на договорот за минерални суровини

Украинскиот парламент на 8 мај ќе одржи гласање за ратификација на договорот за рудно богатство потпишан со Соединетите држави на почетокот на оваа недела, изјави претставникот Јарослав Железниак.
На два од документите поврзани со договорот нема да им треба одобрување од парламентот.
Вашингтон и Киев во средата потпишаа договор со кој на САД ќе им се обезбеди повластен пристап до нови инвестиции во експлоатација на природните ресурси на Украина, како и финансирање на инвестиции во обновата на Украина.
Свет
Тимот на Трамп подготви опции за зголемен притисок врз Москва

Американските власти подготвија голем број опции за зголемување на економскиот притисок врз Русија, бидејќи Владимир Путин сè уште одбива да се согласи на прекин на огнот, според извори запознаени со ова прашање.
Извори кои разговараа за Блумберг забележуваат дека Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука и дека дипломатските напори се уште траат. Детали за можните мерки не се соопштени.
Киев и неговите сојузници веќе некое време ги повикуваат САД да го зголемат притисокот врз Москва, вклучително и проширување на санкциите за рускиот енергетски сектор и приходите од нафта, за да го принудат Путин да преговара.