Контакт

Свет

Најмалку 34 загинати во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Сирија

Објавено пред

Најмалку 34 луѓе загинале денеска во Сирија, за време на антивладините протести кога полицијата отвори оган врз демонстрантите.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 34 луѓе загинале денеска во Сирија, за време на антивладините протести кога полицијата отвори оган врз демонстрантите. Според Рами Абдел Раман, претседател на една сириска организација за човекови права, во градот Хама на протести се собрале над 50.000 луѓе, што претставува најголем собир од почетокот на демонстрациите против сирискиот претседател Башар Асад и неговата влада. Тој рече дека полицијата отворила оган врз демонстрантите, при што 34 се убиени, а повеќе десетици се ранети. Според агенцијата Франс прес, еден активист од Хама зборувал и за „масакр“ во тој град. Едно лице било убиено и во градот Хас, каде што полицијата исто така стрелала врз учесниците во антивладините протести. Државната сириска телевизија јави дека во градот хама, каде што се собрале „речиси 10.000 луѓе“, загинале „тројца саботери“. Според извештајот, тие загинале во судирите со полицијата откако нападнале една владина зграда. Новинската државна агенција Сана јави дека во Хама биле собрани неколку стотици демонстранти и дека се повредени 80 полицајци. Според податоците на групите за заштита на човековите права, повеќе од 1.100 луѓе се убиени во владината пресметка со демонстрантите кои протестираат веќе 10 недели, барајќи оставка на претседателот Башар Асад. Во истиот период се приведени најмалку 10.000 луѓе. Асад е на власт од 2000 година. /крај/афп/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Новинарка: Ќе го депортирате ли Маск?; Трамп: Не знам, ќе мора да видиме

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека не е сигурен дали да го депортира Илон Маск, објави дописничката на „Дејли мејл“, Емили Гудин, за X.

dobivaj vesti na viber

„Го прашав претседателот Трамп дали би го депортирал Илон Маск, а тој рече дека ќе мора да го разгледа тоа“, објави Гудин.

Подоцна таа го објави одговорот на Трамп на прашањето дали би го депортирал Маск.

„Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе треба да испратиме DOGE кај Илон. Знаете ли што е DOGE? Тоа е чудовиште, кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Илон“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ: Лицемерни и неискрени ветувања за Украина за членство во ЕУ

Објавено пред

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни. Таа е во војна, а што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Тоа се фактите. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, рече Милановиќ.

Милановиќ им го кажа ова на новинарите откога го угости својот полски колега Петер Пелегрини одговарајќи на прашање за членството на Украина во Европската Унија.

„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за тоа“, рече Милановиќ, а потоа продолжи да зборува за средствата за одбрана:

„Практично, ѝ дадовме на Украина 35 тенка подарок и ништо не добивме за возврат. Добивме трошки од Германија“.

„Способности, а не проценти, тоа е она што е важно“, рече Милаовиќ и продолжи:

„Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп кажувајќи му, без никаков сарказам, дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние, од друга страна, сме купувачи и купуваме неверојатно скапа стока кога ќе ја добиеме. Тоа се фактите и на оној што не му се допаѓа нека престане да живее во свет на фантазии“.

Тој исто така коментира за критиките дека словачкиот претседател Роберт Фицо е руски човек.

„Руски човек, што значи тоа? Го познавам. Тој не е руски човек, дури ни во однос на афинитетите, но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува“, рече Милановиќ.

Тој вели дека нема никаква врска со Русите, но не може да биде изненаден кога тоа доаѓа од луѓе што ги поминале своите кариери како руски пудлици.

„Дали е ова уреден начин на комуникација?“, праша претседателот на Хрватска и рече:

„Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе што треба да внимаваат што зборуваат“, објави хрватскиот портал „Дневник“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Украина

Објавено пред

Од

Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во војната на Русија против Украина со ставање на рацете на нивните останки во ковчезите што беа вратени во земјата во ретко јавно признание дека неговите вооружени сили претрпеле загуби во конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Фотографии од севернокорејскиот лидер како стои пред ред од шест ковчези обвиени со националното знаме беа прикажани на екран за време на гала-концертот одржан во неделата по повод првата годишнина од воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија.

Настанот во театарот „Гранд“ во источен Пјонгјанг ги комбинира настапите на севернокорејските и на руските уметници во посета со проекции на фотографии што го слават договорот за меѓусебна одбрана што Ким и рускиот претседател Владимир Путин го потпишаа во Пјонгјанг минатиот јуни.

Фотографиите од Ким и останките од паднатите војници следуваа по снимки од војници од двете земји како ги мавтаат своите национални знамиња. Една од фотографиите наводно прикажува страници од крвава тетратка за која се верува дека му припаѓа на севернокорејски војник пронајдена на бојно поле во рускиот регион Курск.

Според јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, тетратката содржела пораки „Конечно дојде одлучувачкиот момент“ и „Храбро се бориме во оваа света битка со безграничната љубов и довербата што ни ја даде нашиот сакан врховен командант“ алудирајќи на Ким.

Не е познато точно кога се одржала церемонијата за враќање на останките. Ким и други функционери, вклучувајќи ги неговата влијателна сестра, Ким Јо-џонг, и министерката за надворешни работи, Чое Сон-хуи, носат зимска облека, што сугерира дека телата можеби биле вратени пред неколку месеци.

Откога со месеци негира дека севернокорејските војници биле испратени да се борат заедно со руските сили, режимот сега се обидува да го прикаже своето учество во војната во Украина во позитивно светло.

„Северна Кореја, веројатно, сакала да ги прикаже паднатите војници не само како жртви туку и како дел од приказна за победа“, изјави Хонг Мин, виш истражувач во Корејскиот институт за национално обединување, за „Јонхап“.

„Се чини дека снимката е објавена откога двете земји го признаа распоредувањето на трупите и ја прогласија заедничката операција за ослободување на Курскиот регион во западна Русија за успешна“, додаде Хонг.

Видеата од церемонијата емитувани од државниот радиодифузер КРТ го покажаа Ким, кој изгледаше трогнат, како седи до гостинот, руската министерка за култура, Олга Љубимова, и неговата ќерка Ким Ју-ае. Публиката беше прикажана како брише солзи.

„Кореја хералд“ објави дека ова е првпат државните медиуми да објават снимки и фотографии од војници испратени во Русија до севернокорејските граѓани.

Државната новинска агенција КЦНА соопшти дека настанот ја зголемил довербата во „врските на пријателство и искрената интернационалистичка посветеност меѓу народите и армиите на двете земји, кои беа создадени по цена на крв“. Во април Путин и Ким потврдија дека севернокорејските војници биле испратени во руската војна и двајцата ги опишаа како херои.

Се проценува дека Северна Кореја испратила речиси 15.000 војници во војна од минатата есен.

Ким објави дека во Пјонгјанг ќе биде подигнат споменик во чест на паднатите војници и дека ќе биде положено цвеќе на нивните гробови, што се смета за прво јавно признание на режимот дека севернокорејски војници загинале во борба.

Северна Кореја исто така испорачала големи количини муниција, артилериски гранати, балистички ракети и друго оружје на Русија, наводно во замена за оружје, сателитска технологија и економска и друга помош од Кремљ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија1 час

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ5 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија7 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет7 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет7 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет8 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет8 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија19 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија22 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија23 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија1 ден

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија1 ден

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија1 ден

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија1 ден

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....