Економија
Германските експерти и опозицијата ја критикуваат помошта за Грција

Германската опозиција и економските експерти од оваа држава изразија незадоволство од решението, со кое 17-те членки на еврозоната и одобрија пакет помош за презадолжената Грција.
Германската опозиција и економските експерти од оваа држава изразија незадоволство од решението, со кое 17-те членки на еврозоната и одобрија пакет помош за презадолжената Грција.Социјалдемократската партија на Германија смета дека со постигнатото решение, кое што меѓу останатото подразбира пролонгирање на рокот на отплата на долгот и пониски камати, „ништо не се променило во фактот дека Грција не е во состојба да ги реши натрупаните долгови“.Шефот на германскиот Сојуз за следење на економскиот развој, Волфганг Франц смета дека постигнатото решение нема да биде доволно.Првиот човек на Дојче банк, Јозеф Акерман, кој на вчерашниот самит учествуваше како претседател на меѓународниот банкарски сојуз (ИИФ), оцени дека постигнатото решение „тешко ги погодува банките“.Сепак тој изрази уверување дека е направен значителен чекор цврст како камен и оцени дека станува збор за одлука со која треба да биде решен грчкиот проблем.Германската канцеларка Ангела Меркел го пофали постигнатото решение и нагласи дека тоа е од исклучително значење за Германија.„Тоа што ние Германците го правиме за да има стабилен евро, повеќекратно ни се враќа назад, рече Меркел. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски се сретна со унгарскиот министер за земјоделство: Да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство.
„Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства“, додаде министерот Трипуновски.
На средбата беше истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.
„Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи“, додаде министерот Трипуновски, при што посочи дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.
Економија
Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балкан не смее да остане заробен во поделби и недоверба

Најголемата пречка за развојот на Западен Балкан не е економијата – туку длабоко вкоренетите предрасуди и отпорот кон соработка. Додека договорите и политичките рамки создаваат структура за интеграција, клучниот предизвик е волјата на општествата да ја прифатат оваа соработка како можност, а не како закана, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на панелот „Западниот Балкан: Одржлива регионална соработка“, на годинешниот „Копаоник бизнис форум“ во Србија.
Битиќи посочи дека децении на поделби, поттикнати од историски наративи и националистичка реторика, продолжуваат да ја обликуваат јавната перцепција, создавајќи отпор кон подлабоки економски, културни и институционални врски.
„Без соочување со овие основни социјални тензии, дури и најдобро структурираните договори ризикуваат да бидат поткопани од недостаток на доверба, што ја ограничува способноста на регионот да функционира како кохезивен економски и политички блок,“ порача Битиќи.
Тој потенцираше дека вистинскиот напредок бара не само реформи во политиките, туку и промена на менталитетот, во насока на тоа што ќе почне да ја гледа регионалната соработка како можност, а не како компромитирање на било кој идентитет.
„Ниту една земја во нашиот регион не може самостојно да се спротивстави на глобалните економски притисоци. Но, заедно, можеме да изградиме силен и конкурентен економски блок кој привлекува инвестиции, ги зајакнува индустриите и обезбедува долгорочен раст. Ова значи премин од зависност кон меѓузависност – создавање регионални синџири на вредност, усогласување на инвестиционите политики и интегрирање во европските добавувачки мрежи како еден пазар, а не шест фрагментирани“, рече Битиќи.
Според пратеникот Битиќи регионалната координација на напорите на пристапување во ЕУ преставува клучен чекор кој треба да се направи на Западен Блакан.
„Наместо да ја третираме интеграцијата како трка еден против друг, мора да дејствуваме како единствен блок, усогласувајќи ги политиките и реформите за да го забрзаме економското усогласување. Европската иднина на Западен Балкан носи можности, но само ако се движиме заедно, а не одделно“, порача Битиќи.
На крајот од своето обраќање тој ја истакна важноста на нов пристап во регионалната соработка, кој ќе ги надмине старите модели на меѓусебно ривалство.
„Западен Балкан повеќе не може да си дозволи да биде поделен. Мораме да се натпреваруваме на глобално ниво, а не меѓусебно. Преку прифаќање на регионалната конкурентност наместо регионална конкуренција, можеме да изградиме економија која е отпорна, просперитетна и подготвена за иднината,“ заклучи Битиќи.
Економија
АД МЕПСО и АД ЕСМ: Заедно работиме на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

На денешната координативна средба, раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносна инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.
На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем.
Двете компании се договорија да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата.