Свет
Угледни личности во Израел повикуваат на формирање палестинска држава

Седумнаесет добитници на Наградата на Израел, највисокото државно признание од сферата на културата, науката и книжевноста во објавија заедничката изјава со која повикуваат на основање палестинска држава во границите од пред војната во 1967 г.
Седумнаесет добитници на Наградата на Израел, највисокото државно признание од сферата на културата, науката и книжевноста во објавија заедничката изјава со која повикуваат на основање палестинска држава во границите од пред војната во 1967 г.Овие 17-мина овој апел јавно ќе го потпишат во четврток во главниот израелски град Тел Авив, пред зградата во која на 14 мај 1948 г. е прогласена Државата Израел.„Повикуваме на создавање палестинска држава, покрај израелската, според границите на нашата независна држава втемелени со примирјето од 1949 г, Целосното завршување на израелската окупација е главниот услов за слободата на двата народа “, објавија израелските угледни личности.Ова се однесува на примирјето со кое е завршена првата арапско-израелска војна која доведе од создавањето на Државата Израел и чии граници од тогаш не беа променети се’ до 1967 г. Потписници на овој повик се меѓу другите и познатите еврејски професори Јехуда Бауер, Давид Тартаковер, Зеев Штернхел, поранешниот претседател на израелската академија на науките Менахем Јааари, сликарот и вајар Дани Караван и книжевникот Јехошуа Собол./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.