Свет
Расмусен првпат објави годишен извештај
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен првпат објави годишен извештај за работата на алијансата, што во случајов се однесува на постигнувањата и предизвиците во 2011 година.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен првпат објави годишен извештај за работата на алијансата, што во случајов се однесува на постигнувањата и предизвиците во 2011 година.
Извештајот се фокусира на четири области: НАТО операциите, појавувањето на безбедносни предизвици, модернизација на НАТО, како и растечкото партнерство на алијансата.
Во извештајот на 20 страници се опфатени постигнувањата во мисиите во Авганистан, Либија, Косово, Африканскиот рог, Аденскиот залив и Ирак.
Опфатени се и мерките што НАТО ги превзема против сајбер нападите, балистичкото вооружување на трети земји и борбата против тероризмот.
„Ефектите на глобалната финансиска криза го забрзаа длабинскиот реформски процес што се однесува на мерките за штедење во земјите-членки и барањето да се модернизира алијансата, со цел да стане повеќе ефикасна и ефективна“, соопштуваат од НАТО.
Во годишниот извештај е опфатено и преставувањето на новиот концепт на паметна одбрана, како и нејзиното партнерство со организации на глобален план. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

