Македонија
Папандреу: Прифатливо решение е име со географска одредница

Име со географска одредница е максималното отстапување на Грција во спорот за името на Македонија, вели грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интервју за српскиот весник „Вечерње новости“
„Грција сака дефинитивно решение за прашањето за името на ПЈРМ, и нашиот став, нашата национална црвена линија се јасни. Презедовме важен чекор истакнувајќи дека ќе прифатиме име со географска квалификација. Очекуваме слично да направат и нашите соседи и да се сретнат со нас на половина пат“, вели Папандреу во интервјуто.Според него, на тој начин би се дошло до решение што ќе биде прифатливо за двете страни, но само со заедничка и блиска работа, со цел приближување на двата народи. Доколку не се дојде до решение и компромис од двете страни, тогаш би се продолжило со обновување на проблемот преку заземање екстремни ставови кои ќе створат националистичка, ако не и иредентистичка реторика, што ќе биде секојдневна политичка храна.
Папандреу во интервјуто вели дека Грција е задоволна што за Србија се одблокира патот кон Европската Унија и што политиката на претседателот Тадиќ ја води земјата кон модернизација и реформи понатаму кон ЕУ.
Според него, земјите од Западен Балкан треба што поскоро да влезат во Европската Унија, а за таа цел тој ја предлага Агендата 2014, според која сите земји од регионот треба да ги доисполнат сите барања на ЕУ за влез и да ги завршат реформите.
На провокативното прашање дали Грција имала притисок да го признае Косово, Папандреу вели дека тоа е со цел да се задржи стабилноста на регионот, но дека остануваат заштитници на клултурното и верско наследство што Србите го имаат на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.