Македонија
Почина насилникот од Петровец кој скокна од прозорец во Ургентен
Почина напаѓачот од село Петровец кој завчера се обиде да си го убие семејството, а потоа се фрли од прозорец од Ургентниот центар, соопшти МВР.
Почина напаѓачот од село Петровец кој завчера се обиде да си го убие семејството, а потоа се фрли од прозорец од Ургентниот центар, соопшти МВР.
Триесет и едногодишниот Оливер М. Утрово околу 5 часот им подлегнал на повредите откако вчера утрото се фрли од прозорец од првиот кат на Ургентниот центар.
Вистинска семејна драма се случи завчера попладне околу 16 часот во скопското село Петровец. Триесет и едногодишниот Оливер М. со удар со нога ја турнал вратата на летната кујна каде биле неговата мајка и тетка.
Најпрвин со тесла по главата ја нападнал својата тетка, а потоа и својата мајка. Тетката успеала да стане и да го повика на помош неговиот татко.
Оливер го нападнал и татко му со тесла по главата, но тој успеал да го совлада и да му ја земе теслата. Во тој момент Оливер извадил нож и го расекол таткото по рацете.
На помош дошле и двајца соседи кои успеале да му го одземат ножот. Оливер побегнал во куќата и се заклучил.
Во семејната куќа пристигнале припадници на полициската единица Алфи. При обидот да го приведат, Оливер зел ашов и повредил тројца од полициските службеници.
Таткото, мајката, тетката и Оливер биле пренесени во Ургентниот центар. Мајката со потешки повреди е задржана на лекување, додека другите се пуштени дома. Неофицијално, Оливер имал психички проблеми./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

