Црна хроника
Тројца кичевчани обвинети за тешко насилство врз сограѓанин
Против тројца жители на Кичево е поднесена кривична пријава поради насилство коешто се случило на почетокот од мај, кога со секира и моторна пила нападнале свој сосед.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.
Според полициската евиденција, пријавените на 3-ти мај годинава околу 17 часот го чекале а потоа и физички го нападнале пред неговиот дом својот сограѓанин идентификуван како Е.Б.
Инцидентот се случил на улицата „11-ти Октомври“ кога напаѓачите својата жртва прво започнале да ја тепаат со раце, нозе и со разни предмети нанесувајќи му телесни повреди по целото тело. Во моментот кога пријавените од автомобил извадиле секира, рачна моторна пила, клуч за автомобилски тркала и еден дрвен предмет, нападнатиот успеал да избега во својот дом на приземјето од стамбената зграда.
Меѓутоа, напаѓачите насилно влегле во станот каде било неговото семејство и тука повторно го нападнале задавајќи му уште неколку удари со дрвениот предмет по целото тело.
Нападнатиот, повторно успеал да им избегал на тројцата, а набрзо по нападот биле приведени во полициската станица во Кичево./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанец удирал сограѓанин со пиштол по главата
Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Контролор на ЈСП Скопје претепан во автобус
Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.