Македонија
Дамјановски:Некој шепнал каде да се бара името на екс министерот за внатрешни
Членот на Комисијата за верификација на фактите, Чедомир Дамјановски тврди дека некој дошепнал во кои досиеја да се бара името на поранешниот министер за внатрешни работи во владата на Црвенковски,
Членот на Комисијата за верификација на фактите, Чедомир Дамјановски тврди дека некој дошепнал во кои досиеја да се бара името на поранешниот министер за внатрешни работи во владата на Црвенковски, кој беше на дневен ред на вчерашната седница на Комисијата.
Членот кој го поднел извештајот за министерот се повикал на четири досиеја во коишто се појавувало името на екс министерот како наредбодавател.
Дамјановски тврди дека за овој предмет и за останатите предмети кои биле вчера на дневен ред на седницата извештаите им биле дадени на членовите, во петокот во 13 часот, па немале време да ги разгледаат. Дамјановски ги разгледувал во понеделникот сабајле набрзина.
„Многу е индикативно тоа што тие четири личности на коишто се повикува членот на Комисијата дека во нивните досиеја ги има тие наредби, не биле предмет на наша обработка и не можеле ни случајно да го најдат тој човек таму. Значи некој на тој член му дошепнал каде да бара, за кого да бара и каде ќе најде. Не се тоа случајно најдени досиеја“ изјави Дамјановски.
Тој тврди дека и претходни министри имале дадено наредба да се следат овие четири лица.
„Сите тие четири случаи се водени и од порано и од претходни министри имало наредби за да се следат, и сите четири случаи не се од идеолошка и политичка природа“ додаде Дамјановски.
Тој е незадоволен и поради тоа што предметот за поранешниот министер за култура му е одземен и без негово знаење, за овој случај извештај направил друг член на Комисијата.
Дамјановски тврди дека не го одолговлекувал предметот намерно, туку не можел да го сработи оти немал документација за тој предмет од УБК.
Вчера на дневен ред на седницата на Комисијата се најдоа двајца поранешни министри. За поранешниот министер за внатрешни работи од 1992 до 1996 е усвоен извештајот но Комисијата не донесе заклучок. За поранешниот министер за култура предметот е одложен за наредната седница.
Комисијата не им ги верификуваше изјавите на четворица поранешни функционери меѓу кои и еден наредбодавател. Дамјановски бараше одлагање за поголем дел од точките. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

