Македонија
Милошоски им го честита Денот на независност на Грците
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска од Естонија им го честита Денот на независност на граѓаните на Грција
„Би сакал да ја искористам оваа можност во името на македонскиот народ да им го честитам националниот Ден на независност на граѓаните на Грција и би сакал да кажам дека ние многу го почитуваме нивниот национален дигнитет и независност и не бараме ништо повеќе освен исто почитување на националниот дигнитет и независност на нашата земја“, истакнал Милошоски на прес-конференција во Талин. Во врска со иницијативите што Македонија ги испрати до Грција пред извезно време, од кои едната беше создавање заедничка образовно-историска комисија, Милошоски информирал дека се уште нема одговор, но дека очекува во блиска иднина да добиеме сериозен одговор на оваа сериозна иницијатива. „Сметаме дека таквите иницијативи ќе придонесат за заемно разбирање и за избегнување некои непотребни недоразбирања во иднина. На тој начин ќе се отвори дополнителен канал на комуникација на експертско ниво со политичка поддршка“, рекол Милошоски.Тој потсетил дека ваквите иницијативи се покажаа како корисни во европските земји како Германија и Франција, Полска и Литванија и некои други земји. Милошоски информирал дека пред неколку дена во консултации со МВР „и по некои настани кои се случија во Грција и Македонија, поврзани со помали инциденти со наши и грчки граѓани“ е испратен предлог до грчкото МНР за да го проследи до грчкото МВР, за создавање заеднички совет меѓу грчкото и македонското МВР со цел во иднина да се спречат сите вакви случаи со помош на посилна заемна соработка. Предлогот е инициран особено со оглед на тоа што во летниот период Македонци летуваат во Грција и многу Грци доаѓаат во посета на Македонија. „Верувам дека ваквата заедничка заложба и поблиска соработка на министерствата за внатрешни работи на Грција и на Македонија ќе биде од голема помош за исполнување на обврските и за изнаоѓање начин како да се реагира соодветно ако е неопходно“, изјавил Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

