Економија
Доделени првите концесии за истражување на минерални суровини
Концесии за вршење детални геолошки истражувања на минерални суровини за вкупно 40 локации додели министерството за економија
Концесии за вршење детални геолошки истражувања на минерални суровини за вкупно 40 локации додели министерството за економија. За таа цел денеска во Скопје беа потпишани договори од страна на ресорниот министер Фатмир Бесими и претставниците на компаниите, чии понуди ги исполниле законските услови. Министерот Бесими истакна дека на конкурсот кој бил распишан во јануари годинава, пристигнале вкупно 133 понуди. Буџетскиот прилив од доделувањето на наведените концесии изнесува 55 милиони денари (околу 900 илјади евра). Концесионерите имаат обврска во предвиденииот рок од две години да достават елаборат за резултатите од извршените истражувања и да се изјаснат дали се заинтересирани за добивање на концесија за експлоатација. Доколку една компанија биде заинтересина за експлоатација на одредена локација ќе биде склучен договор со владата за добивање на концесија, а во спротивно локацијата ќе биде понудена на друга заинтересина компанија. Станува збор за целосно нови локации, кои досега не биле предмет на експлоатација, истакна Бесими, додавајќи дека наскоро ќе се доделуват и концесии за проширување на постоечките капацитети. Бесими воедно најави дека идната недела ќе се одржи отварањето на понудите од вториот тендер за доделување на концесии за истражување на минерални суровини. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

