Вести
Двајца мажи и жена во Британија обвинети во врска со тероризам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/armed-police-london.jpg)
Двајца мажи и жена во Бирмингем, во централна Англија, обвинети се во четвртокот за кривични дела во врска со тероризам, а се однесуваат на собирање пари и ќе им се суди во петокот на сабота во лондонски Вестминстер.
Двајца мажи и жена во Бирмингем, во централна Англија, обвинети се во четвртокот за кривични дела во врска со тероризам, а се однесуваат на собирање пари и ќе им се суди во петокот на сабота во лондонски Вестминстер.
Станува збор за 26-годишните Мохамед Али Ахмед и Закарија Буфасил и 29-годишната Сумаја Буфасил, кои се уапсени на 15-ти април со уште две лица во рамките на „големата истрага која ја води полицијата на Вест Мидлендс за борба против тероризмот“, соопшти полицијата.
„Оваа акција е дел од поопширната истрага која одделот за борба против тероризмот ја води во соработка со целата антитерористичка мрежа, MI5, меѓународните партнери, па така и со белгиските и со француските власти, за да ја отстрани заканата во Велика Британија по нападите во Европа“, изјави Маркус Бејл, заменик началник на полицијата на Вест Мидлендс,
Мохамед Али Ахмед и Сумаја Буфасил се обвинети дека меѓу 1-ви јануари 2015 година и 8-ми април 2016 година се подготвувале „со цел да изведат терористички акти или да им помогнат на други да ги изведат“, се наведува во соопштението на британската полиција. Обвинети се и за „собирање пари“, наведува истиот извор.
Закарија Буфасил, пак, е обвинет затоа што „на 7-ми јули 2015 година или порано, се договорил со Мохамед Али Ахмед парите и другите добра да им се ставата на располагање на трети лица“. Овие двајца „знаеле или имале причина да се сомневаат дека парите ќе бидат искористени во терористички цели“, додава полицијата.
Покрај овие тројца обвинети, обвинет е и 40-годишниот Фејсал Сајад Јунис Кан, за неовластено поседување солзавец. Тој е ослободен со кауција и на 13-ти мај треба да се јави пред судот во Бирмингем. Со кауција е пуштен и неименуван педесетгодишник, „со строги услови“, а истрагата продолжува./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.