Македонија
Обемна едиција за „Егејското прашање“
Вистината за „егејското прашање“ и страдањата на Македонците за време и по војна во Грција (1945-49) ќе бидат објавени во обемна едиција
Вистината за „егејското прашање“ и страдањата на Македонците за време и по војна во Грција (1945-49) ќе бидат објавени во обемна едиција чија промоција започна денеска.Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија попладнево во Скопје ги промовираше првите две изданија под наслов „Петте судбоносни години во Егејска Македонија“ од покојниот историчар Ристо Кирјазовски и „Голготата на Македонците во Грција“ од новинарот и публицист Виктор Цветановски.„Ова е почеток на промовирањето на дваесетина наслови посветени на Егејска Македонија, со поддршка на Владата, Собранието и на други институции во земјата. Се одлучивме да направиме едиција од вкупно 25 наслови, по повод 60 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција“истакна на промоцијата претседателот на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Ѓорѓи Ајановски.„Постхумното издание на монографијата „Петте судбоносни години во Егејска Македонија“ од Ристо Кирјазовски е огромен исчекор во потрагата по вистината во разоткривањето на заговорот против егејските Македонци и лоцирање на виновниците за етничкото чистење во Егејска Македонија“, беше посочено на денешната промоција.За делото „Голготата на Македонците во Грција“ беше истакното дека во насловот содржи библиска метафора за страдањата на егејските Македонци и потресни лични сведоштва.Други две изданија од едицијата, под наслов „Просветата во Егејска Македонија“ и „Проучување на егејските дијалекти“ ќе бидат промовирани на 30 септември во Институтот за македонски јазик во Скопје. Најавен е и уште еден голем проект, анкетирање на сите Македонци учесници во Граѓанската војна во Грција и на Децата- бегалци. Нивните сведоштва за преживеаната голгота ќе бидат објавени во двојазични томови, на македонски и на англиски јазик./крај/ег/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

