Македонија
Сметководителите се надеваат на решение
Сметководителите од основните и средните училишта денеска на средбата со вицепремиерот Владимир Пешевски и Министерот за образование, Никола Тодоров добиле неколку предлози за решавање на нивниот проблем, за кои се надеваат дека ќе бидат позитивни.
Сметководителите од основните и средните училишта денеска на средбата со вицепремиерот Владимир Пешевски и Министерот за образование, Никола Тодоров добиле неколку предлози за решавање на нивниот проблем, за кои се надеваат дека ќе бидат позитивни.
„Паднаа повеќе предлози кои што сметам дека ќе бидат позитивни и сметам дека ќе продолжиме да работиме во училиштата и дека нема да останеме на улица. Треба уште еднаш да се сретнеме“ изјави Јаворка Момироска од „Биланс-Хит“.
Министерството за образование пред извесно време излезе со став дека сметководителите кои ги водат училиштата мораат да преминат под надлежност на општините.
Фирмата „Биланс-хит“ вработува 103 сметководители, кои до 2004 работеле под Министерството за образование, а имаат стаж по 30 години. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

