Црна хроника
Му ја запалил куќата на пријателот оти му должел пари

Охриѓанец му ја запалил куќата на пријател од Струга оти му должел пари, па против него е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.
Според информациите од охридската полиција, на 6 февруари триесет и едногодишниот охриѓанец вечерта околу 1.45 часот дошол во Струга пред куќата на пријателот со шише полно со запаллива течност. Влегол во дворот од куќата, ја запалил течноста и шишето го фрлил во влезната врата. Веднаш настанал пожар кој за кратко се проширил и во ходникот од семејната куќа. Пријавениот веднаш избегал а при обид за гаснење на пламените јазици, со телесни повреди –изгореници се здобила мајката на пријателот. Охриѓанецот и е познат на полиција и против него досега по неколку основи биле поднесувани кривични пријави./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.