Свет
ООН: Усвоена резолуција за религија
Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се против
Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави.
Текстот, што го предложи Пакистан во име на Организацијата на исламска конференција, е усвоен со 23 гласови “за“ и 11 “против“, додека 13 држави се воздржаа од гласање.
Европските држави, Канада и Чиле гласаа против, Индија беше воздржана, додека неврзаните и повеќе исламски држави го поддржаа текстот.
Резолуцијата, која правно нема обврзувачки карактер, укажува на “сериозна загриженост кога се во прашање негативни стереотипи и навреда на религијата, изрази на нетолеранција и дискриминација, кога станува збор за верски слободи“./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.