Контакт

Црна хроника

Нови случаи со криумчарење на мигранти од Сомалија, Сирија и Ирак

Објавено пред

МВР во изминативе денови реализираше четири нови случаи на криумчарење мигранти во кои против шест лица, од кои и двајца грчки државјани, и до надлежното ОЈО се поднесени кривични пријави поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. 

dobivaj vesti na viber

 

Притоа откриени се 18 илегални мигранти на возраст од 21 до 37 години од кои петмина од Сомалија, деветмина од Сирија, тројца од Ирак и една албанска државјанка.

 

Во првиот случај кривична пријавил добил 42-годишниот В.С. од Гевгелија, кому судија од претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Имено пријавениот во автомобил „Mitsubisni Spacestar“ со скопски регистарски таблички превезувал седум илегални мигранти, пет од Сомалија и двајца од Сирија со намера да ги пренесе кон северната граница, меѓутоа од страна на УПС бил сопрен во близина на село Градец на автопатот Е-75  од Гевгелија кон Скопје.

 

 

Во близина на Јажинце, тие биле сопрени и откриено е дека во возилото со кои се превезувале (автомобил марка „БМВ 530“ со тетовски регистарски таблички) има и уште едно лице, 18-годишната Х.А., албанска државјанка, за кој по проверките е констатирано дека имала активна мерка „забрана за влез во РМ”, затоа што таа  претходно е  приведена на 30 декември минатата година во УО „Кораби”, како танчерка.

 

Таа со помош на Џ.И. илегално ја преминала државната граница, а од извршениот преглед врз пријавените и на возилото кај Х.И. биле пронајдени 58 илјади денари и 1970 евра.

 

Во третиот случај кривично се пријавени грчките државјани, 47-годишниот Г.Е.  и 26-годишниот Д.Г., за кои исто така судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по осум дена. Имено тие со две возила, комбе марка „опел зафира“ (управувано од Г.Е.) и автомобил марка „шкода рапид“ (управувани од Д.Г.) се сопрени од страна на УПС во близина на село Прдејци и при прегледот е констатирано дека во првото возило биле сместени четворица илегални мигранти од Сирија, додека во второто возило тројца државјани на Сирија, кои што од нивна страна биле пречекани во близина на село Мрзенци со намера да бидат пренесени кон северната граница.

 

И во четвртиот случај кривично е пријавен 31-годишниот К.П. од Битола. Тој во саботата во 18,40 часот бил сопрен од страна на сообраќајна полиција на излезот од Битола во населбата Горно Оризари и притоа во неговото возило „опел вектра“ откриени се тројца илегални мигранти од Ирак кои за надомест од по 80 евра требало да ги пренесе од Битола до Скопје. Судија од претходна постапка и нему му одреди мерка притвор во траење од осум дена./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете

Објавено пред

Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод.

dobivaj vesti na viber

Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, 41-годишната кичевчанка загинала на самото место на настанот.

Лекар од медицинската помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е пренесено на обдукција.

Во несреќата телесни повреди здобиле и тројца сопатници во возилото: С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите жители на Кичево. Повредените лица се преземени во Општата болница во Прилеп. Нивната здравствена состојба во моментов не е позната.

На местото на пристигнала увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Гостиварец наседнал на лажна порака за пратка од „Пошта“, му украле 26.000 денари од картичката

Објавено пред

Од

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 26.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет.

Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Уште еден гостиварец беше измамен на истиот начин минатата недела. Како што тогаш објави „Макфакс“ 34-годишен жител на Гостивар останал без 89 илјади денари, откако добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Кога влегол на лажна веб-страница и ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции и биле повлечени вкупно 89.106 денари, кои завршиле кај примач во странство.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични и банкарски податоци на сомнителни линкови.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Камион падна во провалија кај Крива Паланка, возачот загина

Објавено пред

Од

Рано утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

фото/илустрација/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Сакаме парче мраз за да го заштитиме светот, ќе ја изградиме најголемата златна купола на Гренланд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во говорот на Светскиот економски форум во Давос зборуваше и за Гренланд. Тој кажа дека САД...

Македонија2 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија3 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија3 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија4 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија4 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија5 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ6 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија7 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија8 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија8 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија8 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет10 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет10 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа10 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија10 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија24 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија1 ден

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија1 ден

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...