Македонија
Контролите на „Перо Наков“ се очекува да завршат до крајот на годинава
Компјутерите кои беа запленети од просториите и останатите пет што беа запленети заедно со уште еден сервер на адреса на приватен стан во Чаир на управителот на фирмата „Плус продукција“, Ѓултен Џемаил, од вчера веќе почнаа да се проверуваат, брифираат од УЈП
Компјутерите се отворени, се работи на листање на податоците штo се внатре и на класифицирање на различни даночни обврзници за шестте фирми кои се предмет на проверка на даночната инспекција.„И тука има нејаснотии. Зошто во еден компјутер каде што е доминантно производството на една компанија се наоѓаат и книговодствата на други компании, а не станува збор за фирма што дава сметководствени услуги“ велат од УЈП. Даночната инспекција очекува заради обемноста на документацијата, контролата да финиширана до крајот на оваа календарска година. За оние фирми кои имале помал финансиски обем ќе излезеле побрзо со информации, а потоа следеле даночните жалби на обврзникот. „Акс-тра“, „Акстра трејд“, „Синим“, „Плус продукција“, „Време еч“ и „Печатница Мисирков“ се шестте фирми сместени на улицата „Перо Наков“ ББ , кои беа предмет на даночна инспекција во четвртокот, кога националната телевизија А1 обвини за полициски упад во телевизијата. Од УЈП се сомневаат дека една од фирмите затаила данок од 1,2 милиони евра и дека од неа во странство се одлеале 7,5 милиони евра.Сомневањата започнале од фирмата „МИА Бевериџис“ производител на соковите МИА која имала намера да исчезне од пазарот. Оттаму трагата на парите стигнала до шестте фирми сместени во оваа зграда. „Она што не’ донесе до фирмите на „Перо Наков“ ББ беше тоа што добар дел од возниот парк , во еден ден седум возила се продадени. Тие не смееле да ги оттуѓуваат тие возила, ние веќе сме ставицме рака на нив“ велат од УЈП.Во понедедлник во 10 часот во просториите на финансиска полиција, во присуство на истражниот судија кој ги издал судските наредби, ќе се пристапи кон отворање на запленетата книговодствена евиденција во хартиена форма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

