Контакт

Вести

Безредија во Париз на протестите против владата

Објавено пред

Стотици замаскирани лица ја нападнаа полицијата во вторникот во Париз во текот на протестите против владата на кој се собраа повеќе десетици илјади, во моментите кога Франција е под засилени безбедносни мерки поради одржувањето на европското фудбалско првенство, пренесуваат медиумите и истакнуваат дека овој протест трае веќе деветти ден, како и дека станува збор за очајничка борба на социјално граѓанско движење кое не е забележано од владеењето на левицата од 1981 година.

dobivaj vesti na viber

Во Франција уште од март редовно се одржуваат штрајкови и се организираат протесни маршеви против социјалните реформи коишто ги презема социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд, а припадниците на силите за одржување на редот редовно се цел на ударите на демонстрантите.

Истовремено, терористичката закана и натаму останува висока во земјата, што го покажува и понеделничкото убиство на полицаец и неговата сопруга во париско предградие. Според последните информации на обвинителството на Париз, напаѓачот е 25-годишниот Лароси Аббалла кој знаел дека неговата жртва е полицаец, имал список за ликвидација на познати личности и оти одговорил на повикот на „калифот“ на џихадистичката групација Исламска држава „да ги убива еретиците и неверниците во нивните домови, заедно со нивните семејства“.

Од 9-ти март на повеќе протесни собири зачестија сцените на урбана герила, во текот на коишто стотици луѓе се повредени и уапсени.

Како што соопшти полициската управа на Париз, во вторникот на протестот против владата „неколку стотици маскирани лица“ ги нападнале полицајците со разни предмети и во тие безредија се уапсени 15 луѓе. Повредени се 26 луѓе, шест демонстранти и дваесет полицајци.

„Учествувам во протестите од мар, бидејќи сакам да живеам достоинствено, а не да преживувам. Сакам гласно и јасно повлекување на социјалните реформи. Протестиет ќе престанат кога реформата ќе биде повлечена“, вели за AFP 26-годишниот техничар Орелјен Букелмун.

Синдикатите, предводени од еден од најголемите CGT, најавија мобилизација на стотици илјади луѓе за да го изразат своето жестоко противење на реформите на законот за работни односи. AFP потсетува дека вакво незадоволство до француската левица не е забележано од 1981 година.

На оние коишто сметаа на долго преговарање со владата, челникот на CGT, Филип Мартинез, им вети историски договор. CGT успеа да привлече на протестот во Париз и демонстранти и од другите делови на земјата кои пристигнале со 600 автобуси. Синдикатите се надеваат на уште поголем одѕив отколку на 31-ви март, кога во 250 градови ширум Франција, според тврдењето на властите излегле 390.000 луѓе. Организаторите, пак, тврдат дека се собрале 1,2 милиони луѓе./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П....

Македонија2 часа

Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова...

Македонија2 часа

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија, која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од...

Македонија2 часа

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој...

Свет4 часа

Мелони денеска кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...

Македонија4 часа

Привремена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до...

Европа4 часа

Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица. Серхиј Лисак,...

Свет5 часа

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа...

Македонија17 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија20 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија22 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија23 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија23 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија24 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија1 ден

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ1 ден

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет1 ден

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа1 ден

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија1 ден

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...