Вести
Путин: Русија поради НАТО мора да ја јакне борбената подготвеност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/putin20govor.jpg)
Русија мора да ја зајакне својата борбена подготвеност во периодот кога НАТО се шири и ја придвижува својата инфраструктура кон руските граници, порача во средата рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето пред пратениците.
„Повторно сé уште, како што беше и пред Втората светска војна, ние не гледаме соодветен позитивен одговор. Напротив, НАТО ја засилува својата агресивна политика и ги јакне своите агресивни активности во близина на нашите граници. Во таквите услови, ние сме обврзани да обрнеме посебно внимание на решавањето на задачите во врска со зголемувањето на одбранбените капацитети на нашата земја“, изјави Путин говорејќи во Државната Дума.
Истовремено во средата руското министерство за надворешни работи објави дека Москва и НАТО продолжуваат „рутински“ да се координираат околу датумот на одржувањето на следниот состанок на Советот НАТО-Русија. Според претставник на руската мисија во Алијансата, срдбата нема да се одржи пред јулскиот самите во Варшава.
Од друга страна еден од портпаролите на Алијансата за агенцијата РИА изјавил дека „датумот сé уште не е познат“, како и дека „разговорите продолжуваат“
На Варшавскиот самите на НАТО на 9-ми и 9-ти јули, како што е најавено ќе биде донесена одлука за разместување на дополните четири баталјони со по илјада војници на Алијансата во Полска и во трите балтички земји, што веќе наиде на осуда и предупредувања од Москва, и бездруго уште повеќе ќе ги затегне односите на североатлантскиот воен сојуз со Русија.
Советот НАТО-Русија се состана во април годинава по две годишна пауза, но не даде никакви резултати во намалувањето на тензиите меѓу Брисел и Москва, туку само ги потврди длабоките несогласувања.
Советот Русија-НАТО е воспоставен во 2002 година и служи како форум за консултации за безбедносните прашања и практична соработка во цела низа прашања. Поради непомирливите ставови по избувнувањето на украинската криза во 2014 година, Русија се повлече од Советот НАТО-Русија, обвинувајќи ја Алијансата дека не се придржува до договорот за неширење кон руските граници, а беа одржувани слаби контакти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.