Свет
Над 32 илјади возила неделно не плаќаат патарина
Луѓето прават се само да не дадат пари. Покажуваат полициски значки купени од пазар, потврди од плати дека се вработени во јавна администрација, вперуваат пиштоли, се претставуваат како роднини на политичари, директори или на локални моќници
СПОРЕД ПОСЛЕДНОТО БРОЕЊЕ НА “МАКЕДОНИЈА ПАТ”
Луѓето прават се само да не дадат пари. Покажуваат полициски значки купени од пазар, потврди од плати дека се вработени во јавна администрација, вперуваат пиштоли, се претставуваат како роднини на политичари, директори или на локални моќници
Плаќањето на патарина во Македонија неделно го одбегнуваат над 32 илјади возила, покажало последното броење направено во текот на минатиот месец. Раководителката на наплатната служба на ЈП “Македонија пат”, Јадранка Тодорова вели дека бројката е многу поголема оти не се бележени возилата кои според член 109 од законот за патишта се ослободени од наплата на таксата. Тоа се возилата на АРМ, МВР, брза помош, “Македонија пат”, КФОР и други привилегирани со овој закон.
“Луѓето прават се само да не дадат пари. Покажуваат полициски значки купени од пазар, потврди од плати дека се вработени во јавна администрација, вперуваат пиштоли, се претставуваат како роднини на политичари, директори или на локални моќници. Се закануваат со влијателни пријатели”, вели Тодорова.
Таа во петокот заедно со директорот на Државниот сообраќаен инспекторат Љупчо Мијајлески и голем број инспектори на наплатната рампа кај Петровец го контролираше плаќањето на таксата. Дури и во присуство на инспекциските служби возачите избегнуваа да дадат пари за патарина. Некои се обидуваа да се протнат под рампата која бавно се спушта, а други пак ја употребуваа старата финта “пола- пола” или пола за возачот, пола за инкасантот, а во државната каса – ништо.
“На Глумово првата патарина од Скопје кон Тетово плаќањето најчесто се одбегнува со таканаречениот воз. Најчесто го практикуваат студентите од Штулов кога одат и се враќаат од Тетово. Едно возило ќе ја плати патарината, а останатите три набрзина поминуваат без пари”, вели раководителката Тодоровска.
Пред една недела на рампата Глумово кон Тетово, имало и обид за убијство на вработен. Возач кој одбивал да ја плати патарината извадил штрафцицер и му се нафрлил на вработениот сакајќи да му го забоде во глава. Го спасиле колегите кои веднаш дотрчале и го оттргнале разбеснетиот шофер.
И. С
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

