Свет
„Фатална нерешителност“ на Обама
Американскиот претседател Барак Обама продолжува со одолговлекувањето на својата одлука за испраќање на дополнителни 40 илјади војници во Авганистан, а таа негова „фатална нерешителност“ ја зголемува „фрустрацијата“ околу војната во САД, но и во Велика Британија, пишува лондонски „Индепендент“
Весникот забележува дека во Лондон и во престолнините на другите земји-членки на НАТО, расте загриженоста поради должината на времето што му е потребно на претседателот Обама, за да се реши за повеќепати досега најавената нова стратегија во Авганистан.„Индепендент“ ја пренесува загриженоста на британските функционери, чиј идентитет не го открива, според кои, без брза одлука на американскиот претседател „војната би можела да биде загубена, не на фронтот, туку на домашниот терен“, поради се поголемото незадоволство на јавноста.Изворите на кои се повикува весникот забележуваат дека во услови кога и САД и Велика Британија се ангажирани во авганистанската војна, потребно е да се има „воен менталитет“ и над се „брзо да се донесуваат одлуките“.Овој лондонски весник, кој важи за голем поддржувач на американските демократи и на претседателот Обама, веќе по втор пат, во два дена, ја критикува нерешителноста и бавното донесување на одлуките за натамошниот приод кон Авганистан.Реакцијата доаѓа по најновите сознанија за расположението на британската јавност кон авганистанската војна, според кои, една третина од Британците смета дека војниците би требало веднаш да се повлечат од фронтот, додека повеќе од половината од луѓето не верува во можноста војната воопшто да се добие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја
Маж се самозапали во близина на јужнокорејската канцеларија за истрага за корупција, каде што отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол беше сослушан под обвинение за бунт, соопшти националната противпожарна служба.
Мажoт на возраст од околу 60 години имал тешки изгореници и бил онесвестен по инцидентот кој се случил околу пладне, соопштија од противпожарната служба. Новинската агенција „Јонхап“ претходно објави дека мажот починал.
Толпата луѓе кои протестираа против апсењето на Јун, поврзано со неговата ненадејна одлука да прогласи воена состојба на 3 декември, која ја втурна земјата во политичка криза, сè уште беа собрани пред канцеларијата во моментот на инцидентот.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.
Свет
Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа
Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.