Свет
Регулаторот ретроактивно ќе наплаќа над 2.000.000 евра
Агенцијата во последните денови од декември експресно и кршејќи ја законската регулатива го донесе Правилникот за методологијата за пресметување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за електронски комуникации
АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЕТИ НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Агенцијата во последните денови од декември експресно и кршејќи ја законската регулатива го донесе Правилникот за методологијата за пресметување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за електронски комуникации каде што потенцира дека на
Телеком, "Т-Мобиле Македонија", "Космофон" и сите останатите оператори и даватели на комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации ќе и платат надзор на пазарот и за 2006 година. Агенцијата во последните денови од декември експресно и кршејќи ја законската регулатива го донесе Правилникот за методологијата за пресметување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за електронски комуникации.
Правилникот е објавен во "Службен весник" на 30 декември и веќе од 31 декември стапи во сила. Во него се потенцира дека надоместокот за надзор на пазарот за 2006 година ќе се наплати согласно овој правилник.
Според неофицијалните податоци, станува збор за надоместок што, согласно Законот за електронските комуникации, кој се применува речиси две години, изнесува повеќе милиони евра. Но, не можеше да се наплати зашто регулаторната Агенција не го носеше Правилникот. Наводно, само од "Македонски телекомуникации" и "Т-Мобиле Македонија" Агенцијата треба да наплати околу 1,8 милиони евра, а ако се земе предвид и надоместокот од "Космофон" и од останатите компании, вкупниот износ ќе надмине 2-3 милиони евра. Агенцијата во текот на ноември до поголемите компании испратила фактури на износ од по 250 илјади евра, што е во согласност со концесиските договори, а не со постојниот Закон, велат извори на "Вест".
Согласно Законот, Агенцијата имаше обврска пред да го донесе Правилникот, да го стави на јавна расправа, и тоа во период што не смее да биде пократок од 15 дена. Но таа ја избегна постапката за да има основа да го наплати надзорот и за претходната година.
Нацрт-верзијата на Правилникот Агенцијата ја усвои по само седум дена јавна расправа.
Според методологијата, компаниите се делат на пет групи и најдоцна до 31 март секоја година на сметката на Агенцијата треба да го уплатат надоместокот. Висината на надоместокот ќе зависи од приходите што компаниите претходно ги пријавиле во Агенцијата. Највисок годишен надоместок 0,5 отсто од годишниот приход ќе плаќаат компаниите од петтата група, односно оние оператори чиј вкупен годишен приход е над 500 милиони денари. Во првата група се компаниите чиј приход е до еден милион денари годишно и тие ќе плаќаат најнизок надоместок – 0,1 отсто од пријавениот износ.
Доколку Агенцијата се сомнева дека компанијата не го пријавила реално остварениот годишен приход, има право на трошок на компанијата да изврши процена на истиот. Ако проценетиот вкупен приход значително отстапува од пријавениот вкупен приход, при наплата на годиш
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

