Македонија
Царинската управа одбележа 22 години од своето формирање
Царинската управа во вторникот ја одбележа дваесет и втората годишнина од своето формирање како државен орган на управата.
„Со гордост можеме да кажеме дека граѓаните, економските субјекти и меѓународната заедница, Царинската управа ја препознаваат по професионализмот, ефикасноста, транспарентноста и доверливоста. Не препознаваат како служба способна да ги промовира и олеснува економските активности, ефикасно да ги спроведува законите, да ги чува економските и фискалните интереси на државата, но пред сè успешно да се грижи за животот и здравјето на македонските граѓани”, се вели во соопштението од управата.
Директорот на Царинската управа0 Наташа Радеска Крстевска, по повод празникот, упати честитки до царинските службеници, при што даде осврт на резултатите и активностите на Царинската управа во текот на изминатата година.
„Успешното работење, во текот на изминатите 22 години претставува повеќе од доволен мотив, во иднина да бидеме уште повеќе посветени кон пошироката општествена цел за зголемување на конкурентноста на македонската економија преку понатамошно намалување на трошоците на работењето на економските субјекти, заштита од нелојална конкуренција и забрзување и поедноставување на царинските и акцизните постапки. Ќе продолжиме да работиме во насока на интересот на нашите граѓани да имаат современа и ефикасна администрација и постојано да ги јакнеме своите институционални и административни капацитети преку воведување и спроведување на нови повисоки стандарди во работењето”, се вели во соопштението од царинската управа.
На традиционалната свечена церемонија присуство зедоа членови на Владата на Република Македонија преставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, нивни здруженија и други соработници на Царинската управа./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

