Свет
Оливер Стоун:Обама ветува, но е заробен во системот
Новиот претседател на САД „е заробен“ во политичкиот систем што им дава предност на воените акции пред дипломатијата
Новиот претседател на САД „е заробен“ во политичкиот систем што им дава предност на воените акции пред дипломатијата.
Ова е оценка на американскиот режисер Оливер Стоун, кој изјавата ја даде за време на вчерашната промоција на својот филм „W“, во Хонг Конг.
Според Стоун, администрацијата на Обама раскинува со политиката на својот претходник Џорџ Буш.
„Се надевам на најдобро. Обама се залага за реформи. Тој размислува. Тој анализира“, изјави пред новинарите 62-годишниот режисер.
Стоун сепак додаде дека Обама „е заробен во системот свртен кон милитаризмот и алчноста на Волстрит“.
Тој го повика новиот американски претседател повторно да го разгледа својот став кон Уго Чавез, кого Обама пред доаѓањето на функција го нарече „деструктивна сила“ во Јужна Америка.
Стоун моментално снима документарен фил за претседателот на Венецуела, кого го смета „за човек што го менува светот“.
Американскиот режисер изјави дека ја разгледува можноста да сними продолжение на својот филм „Волстрит“ од 1987. година, а работи и на документарец за американската историја.
Оливер Стоун се прослави со филмовите за Виетнам „Роден на 4. јули“ и „Вод“, кој е награден со четири оскари, вклучувајќи ги и наградите за најдобар филм и режија. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

