Македонија
Хоризонт: Министерството за труд да ја исплати социјалната помош

Додека министрите и државни службеници уживаат во хотелите и во благодетите што им ги нуди државата, социјалните случаи мака мачат како да го дочекаат утрешниот ден. Ова го рече претседателот на невладината организација Хоризонт, Ивица Младенов на прес конференцијата
Додека министрите и државни службеници уживаат во хотелите и во благодетите што им ги нуди државата, социјалните случаи мака мачат како да го дочекаат утрешниот ден.
Ова го рече претседателот на невладината организација Хоризонт, Ивица Младенов на прес конференцијата одржана в недела во знак на протест поради доцнењето на надоместокот за социјална помош.
Ако има пари за реновирање на кабинетите во Министерството за труд и социјална политика(МТСП) тогаш зошто нема пари за 20 000 граѓани кои примаат социјална помош. Знаете ли како е да се нема пари за време на празниците?“-запраша Младенов.
Тој рече, дека државниот секретар во МТСП, Ардијан Мучан пред празниците им ветил дека до Нова Година ќе биде исплатена социјалната помош, но тоа сеуште не е направено. Причината за доцнењето биле наводни проблеми во трезорот.
„ Од „Хоризонт Македонија“ се сомневаат дека исплатата на парите доцни затоа што министерството е банкрот.
„Претпоставуваме дека нема пари во министерството. Да имаше досега ќе ги исплатеа. Јас мислам дека се работи за лошо менаџирање со министерството“ изјави Младенов.
Младенов информираше дека министерството на 50-ина луѓе им доделила еднократна помош од 15 000 до 30 000 денари но не ја знаат причината поради која тие луѓе биле селектирани.
Од Министерството досега не ја демантираа исплатата на еднократната помош за 50-ината граѓани, но не сакаат коментираат бидејќи според нив тоа е државна тајна. Оддтаму одговор на прашањата од Хоризонт најавија за понеделник./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.