Контакт

Вести

Кливленд ќе плати 6 млн долари за убиството на црно момченце

Објавено пред

Американската сојузна држава Охајо, односно градските власти на Кливленд, ќе платат отштета од шест милиони долари на семејството на дванаесетгодишно црно момченце кое во 2014 година го убило полицаец, се дознава од судските документи.

dobivaj vesti na viber

Тамир Рајс се играл во паркот во Кливленд со воздушен пиштол кога на 22-ри ноември 2014 година бил застрелан од полицаецот Тимоти Лоехман кој мислел дека станува збор за вистинско оружје.

Властите на сојузната држава Охајо се согласија на исплатата, а градските власти во спогодбата не ја признале вината, но се согласиле на семејството да му исплатат три милиони долари оваа и три милиони следната година.

Снимката од надзорна камера, објавена веднаш по несреќата, прикажува момент во кој момченцето е убиено неколку секунди по доаѓањето на двајцата полицајци со службено возило на отворено игралиште во Кливленд.

Двајцата полицајци интервенирале попладне на отворено игралиште по телефонско јавување дека вооружено лице со пиштол цели во минувачите, според полицијата во Кливленд. Тонската снимка којашто ја објавија американските телевизии покажува дека во телефонскиот разговор на лицето коешто ја повикало полицијата се вели дека оружјето е „најверојатно лажно“. Меѓутоа, полицајците ја немале таа информација.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот побарале од момчето да ги крене рацете во воздух, но тоа „не го исполнило барањето на офицерите“ и „ги спуштило рацете кон пиштолот кој го носел во појасот“, беше истакнато во полициското соопштение од пред две години.

Американскиот окружен судија Дан Арон Полстер, кој посредува во спогодбата, како што покажуваат судските документите, утврдил дека семејството на Рајс се согласило да се откаже од тужбата против полициските службеници и оти градските власти не носат вина за пукањето.

Од судските документи се дознава дека семејството Рајс ќе добие 5,5 милиони долари, додека неговите мајка и сестра ќе добијат и уште по 250.000 долари. Семејството соопшти дека спогодбата не ја „донела правдата“, Велат дека полициското насилство против малцинствата „останува црна дамка врз нашата нација и се надеваат дека смртта на малиот Тамир нешто ќе промени.

Адвокатот на семејството Рајс, Субод Чандара, ја опиша спогодбата како „историска во финансиска смисла“, но истакне дека таа не може да го компензира губењето на човечки живот. „Семејството Рајс искрено се надева дека смртта на Тамир ќе поттикне движење за вистински промени во нашето општество и нашата полиција“, додаде.

Американската унија за граѓански слободи (ACLU) соопшти дека овој случај не може да биде замена за реформите коишто „очајно се потребни“ во американскиот правосуден систем.

„Законите и практиките кои го попречуваат повикувањето на одговорност за злоупотреба на службените овластувања треба да се заменат со конкретни решенија за елиминирање на расната пристрасност во правниот систем“, се вели во писмената изјава на Кристин Линк, извршен директор на филијалата на ACLU за државата Охајо.

Ова не е прв случај американските служби за спроведување на редот и законот да се спогодуваат со семејствата на жртвите на полициските службеници. Во март семејството на 20-годишниот Денрој Хенри Џуниор, ланската година убиен од страна на полицаец во сојузната држава Масачусетс, исто така, се согласи со исплата на 6 милиони долари. Семејството на 50-годишниот Валтер Скот кој беше убиен од полицаец по сообраќајна потера, минатиот октомври доби решение за исплата на 6,5 милиони долари.

Полициските убиства, при што особено високо процентуално се застапени жртви од афроамериканската заедница предизвикаа жестоки протести проследени со насилство низ градовите ширум САД последните две години./крај/мф/сн

Извор: Associated Press

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ1 час

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија2 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија3 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет4 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа4 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион5 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа5 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет5 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија19 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија20 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија20 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија21 час

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија22 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет22 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија1 ден

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...